Македонија
Средба на Мицкоски со првиот човек на Директоратот за проширување во ЕК
Претседатeлот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со директорот на Директоратот за проширување во Европската комисија, Кристијан Даниелсон.
Како што информираат од партијата, во текот на средбата Мицкоски ја афирмирал заложбата на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со членството на Република Македонија во Европската Унија. Мицкоски нагласил дека ВМРО-ДПМНЕ верува во реформите и идеолошките постулати на европската интеграција.
,,Мицкоски ги повтори ставовите на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со Договорот со Република Грција и укажа дека партијата не може да се согласи со содржината на истиот бидејќи е спротивен со македонскиот правен систем, како и меѓународните стандарди и практики.Соговорниците се согласија дека е потребна понатамошна комуникација помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и претставниците на Европската комисија со цел зголемената потреба од севкупни реформи на македонскиот правен, политички и економски систем”, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

