Македонија
Средба на Јован Митрески со шефот на Мисијата на ОБСЕ, Килијан Вал
Претседателот на Собранието, Јован Митрески, денеска имаше средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во земјата, амбасадорот Килијан Вал, на која се разговараше за досегашната соработка и за обврските на законодавната власт во периодот до одржување на годинешните избори.
Митрески изрази задоволство поради долгорочната и продуктивна соработка на земјата со ОБСЕ во изминатите 32 години, која, како што рече, резултира со одржување на самитот на Организацијата во Скопје кон крајот на минатата година.
Осврнувајќи се на активностите на Собранието до крајот на мандатот на овој состав, претседателот Митрески потенцира дека претстојните парламентарни избори се први редовни по 16 години во земјата. Со оглед на тоа што, како што посочи, овој пат нема потреба од распуштање на Собранието, тоа ќе работи во полн капацитет до почетокот на кампањата пред првиот круг од претседателските избори, а ќе биде во заседание до конституирањето на новиот собраниски состав.
Претседателот Митрески информира дека ќе ги распише изборите околу 14-ти овој месец во согласност со роковите предвидени со Уставот и Изборниот законик посочувајќи дека овој состав на Собранието, во рамките на своите надлежности, моментно е фокусиран на обезбедување сите предуслови за фер и демократски избори.
Амбасадорот Вал, честитајќи му го изборот на Митрески за претседател на Собранието, исто така изрази задоволство поради долгогодишната соработка, која, како што рече, лани беше крунисана со претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ. Тој исто така изрази уверување дека соработката ќе продолжи во тој позитивен дух и во иднина.
Вал истакна дека му претставува задоволство што во текот на целиот изборен процес земјата ќе има ефективно Собрание, што, како што рече, е добро за граѓаните.
Во текот на разговорот соговорниците разменија мислења и за други актуелни прашања поврзани со работата на Собранието и претстојните избори, како и за потребата од консензус за донесување одредени закони, кои се во процедура.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;
– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;
-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.
Македонија
Времена измена во сообраќајот на делницата клучка Миладиновци – клучка Петровец
На 23/24.02.20026 на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци – клучка Петровец ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички изведувања од ДПТУГ Електра Груп ДООЕЛ, кај клучка Аеродром, во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.

