Македонија
Средба Османи – Баздникин: Македонија го почитува територијалниот интегритет на Украина и повикува на деескалација
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес се сретна со амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Сергеј Баздникин.
На средбата стaна збор за случувањата во и околу Украина, при што министерот Османи повика на деескалација на состојбите и изнаоѓање решение преку дијалог и дипломатски начин на комуникација и го повтори ставот дека Северна Македонија ги почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признатите граници.
Воедно, Министерот Османи нагласи дека нашето членство во НАТО претставува значајно надворешнополитичко достигнување на земјата, што е израз на наша суверена одлука донесена едногласно во Собранието во 1993 година. Членството на Северна Македонија во НАТО претставува гаранција за нашата безбедност, а воедно придонесува и за пошироката регионална безбедност и сигурност. Дополни дека НАТО е алијанса за колективна одбрана на земјите членки и не претставува закана за Руската Федерација или која било друга земја во светот.
Министерот Османи го реафирмира повикот до Руската Федерација за отворен дијалог во рамките на Советот НАТО – Русија и во ОБСЕ со цел за унапредување на европската безбедност, што е од заеднички интерес за сите.
На средбата беше дискутирано и за улогата на Северна Македонија како дел од ОБСЕ-тројката и идното претседавање со ОБСЕ во 2023 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

