Македонија
Средба Османи – Мекачи: Разменети мислења за афирмација на Македонија како земја претседавач со ОБСЕ
Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, денес оствари средба со Матео Мекачи, директор на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата беше истакната соработката меѓу ОДИХР и нашите релевантни институции од осамостојувањето до денес. Станува збор за континуиран, активен дијалог и продуктивни односи во рамките на серија важни политики поврзани со реформата на изборниот систем, создавање предуслови за фер и слободни избори, толеранција и недискриминација, родова еднаквост, итн.
„Поддршката и соработката со ОДИХР во делот на политиките поврзани со реформската агенда се од големо значење за натамошното унапредување на демократските процеси и промоција на човековите права во нашата држава. Видливиот исчекор на овој план неминовно означува напредок, како и дополнителна аргументација на патот на нашите надворешнополитички приоритети, пред сѐ, членството во ЕУ. Остварувањето на заложбите и принципите на ОБСЕ/ОДИХР се, всушност, наш конкретен придонес кон агендата на Организацијата со која ќе претседаваме во 2023 година и конкретно постигнување на планот на натамошниот развој на демократското милје во земјата“, истакна Османи.
Во контекст на претседавањето со ОБСЕ во 2023 година беа разменети мислења за можностите, но и за предизвиците имајќи ги предвид ситуацијата во Украина и сложениот геополитички момент во регионот на ОБСЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.

