Македонија
Средба Османи- Џин во Блед: Економската соработка останува главен фокус
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи се сретна со министерот за надворешни работи на Република Кореја, Парк Џин, во рамки на Бледскиот стратешки форум.
Како што извести МНР, во фокус на разговорите биле можностите за унапредување на соработката меѓу двете земји по воспоставувањето дипломатски односи во 2019 година, со посебен акцент на економските релации и бизнис врските.
„Економската соработка останува главен фокус на нашиот заеднички интерес. Пред нас се отвараат големи можности за зголемување на трговската размена и бизнис вмрежување. Вложуваме значителни напори во економската дипломатија и сме посветени во креирањето поволни услови за странските инвеститори”, рече Османи подвлекувајќи дека инвеститорите од Република Кореја во Владата на Северна Македонија ќе имаат доверлив и транспарентен партнер за реализација на нивните потенцијални идни проекти.

На средбата стана збор и за актуелните безбедносни предизвици по руската воена агресија врз Украина, а воедно беше поздравена и соработката меѓу НАТО и азиските партнери, каде значителна улога има Република Кореја.
Потребата од збогатување на договорната рамка и зајакнувањето на мултилатералната соработка исто така беа теми на разговор, а се разменија мислења и за надворешно-политичките приоритети на двете земји, како и за актуелните регионални и меѓународни прашања, се додава во соопштението на МНР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

