Македонија
Средба Тошковски-Агелер: во фокусот борбата против организираниот криминал и корупцијата
Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер.
Министерот Тошковски изрази благодарност кон амбасадорката на САД за поддршката што Владата на Соединетите Американски Држави постојано и ја дава на Република Северна Македонија, конкретно на Министерството за внатрешни работи во јакнење на капацитетите и сите процеси кои се спроведуваат преку проектите наменети за полицијата, со акцент на обуки на персоналот и набавка на опрема.
Како една од стратешките цели на кои Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија ќе биде фокусирано во следниот период министерот Тошковски ја посочи борбата против организираниот криминал и корупцијата, како приоритет што е еден од главните столбови на владината програма.
Агелер му се заблагодари на Тошковски за континуираната одлична соработка на Република Северна Македонија со Соединетите Американски Држави во повеќе сфери од општествениот живот, пренесувајќи ја заложбата на американската амбасада и Владата на САД за поддршка и соработка и во наредниот период.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

