Македонија
Средба Шахпаска-Која: ОБСЕ ги поддржува политиките за заштита од дискриминација и секаков вид насилство
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која и неговите соработници.
„Поддршката и соработката со Мисијата на ОБСЕ за нашата држава е од големо значење, особено во делот на искуствата и експертизата што ја добиваме за многу прашања што се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика“, истакна Шахпаска.
Законост за спречување и заштита од дискриминација, кој е во собраниска процедура, и формирањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација како независно тело, министерката Шахпаска ги истакна како мошне значајни за обезбедување заштита на граѓаните од секаков вид дискриминација во нашето општество. Во овој дел таа ја посочи одличната соработка со Мисијата на ОБСЕ во нашата држава.
Од страна на шефот на Мисијата на ОБСЕ амбасадорот Клемент Која беше изразена поддршка и во другите законски решенија, кои треба да бидат донесени следниот период, тоа се Законот за заштита на жените жртви од насилство, Законот за работните односи и поддршка во имплементацијата на децентрализацијата и деинституционализацијата. Со цел обезбедување квалитетни социјални услуги на локално ниво на оние на кои им е најпотребна, но и поддршка на лицата со попреченост како дел од процесот на деинституционализацијата.
На средбата се разговараше и за предизвиците од пандемијата на коронависрусот, начините на справување со неа, економската поддршка и помош на компаниите и граѓаните, преку мерките што придонесуваат за полесно справување со последиците од Ковид-19. Исто така, се разговараше и за почнатиот процес на регистрирање на лицата без лични документи, кои најчесто доаѓаат од ромската заедница, со цел заокружување на тој процес и нивно ефикасно вклучување и во образовниот процес и на пазарот на труд.
Двете страни изразија подготвеност за понатамошна соработка во сите сегменти што се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика во насока на заштита на граѓаните и нивните социјално-економски права.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

