Македонија
Средба Џафери – Мета: Да се зајакнува и унапредува соработката меѓу двете држави
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска оствари средба со албанскиот претседател Илир Мета, кој е во посета на државата.
Како што информираат од кабинетот на Џефери, двајцата соговорници истакнале дека билатералните односи меѓу двете земји се на високо ниво и дека постои заемен интерес и можност за унапредување на истите.
„Двете држави ги врзува искрено пријателство и соработка кое во иднина се очекува уште повеќе да се зајакнува и унапредува, бидејќи и на меѓународен план имаат исти цели и интереси, односно полноправно членство во Европската Унија, безбедносна соработка во рамките НАТО и продлабочување на регионалната соработка.
Имајќи предвид дека Република Албанија, од 1 јануари 2022 година е непостојана членка на Советот за безбедност на Организацијата на Обединетите нации, претседателот Џафери упати искрени честитки.
Понатаму, тој истакна дека Република Северна Македонија останува целосно посветена на определбите за европска интеграција и посветено работи на регионална соработка.
Како приоритети од заемен интерес ги посочи, поефикасното искористување на ЕУ фондовите, заедничкото учество во нови проекти во рамките на ИПА 2, но пред сè, работењето на продлабочување на економската соработка преку промоција на стопанските потенцијали и реализација на инфраструктурните проекти кои се значајни за напредокот и стабилноста на Република Северна Македонија и Република Албанија.
Тој го информираше соговорникот за најновите случувања во земјата по одржувањето на локалните избори, како и за изборот на новата Влада што треба да се случи во текот на оваа недела.
Претседателот Мета истакна дека во Република Северна Македонија има консолидирани демократски процеси и дека земјата ги исполнила сите обрски за отворање на преговорите за членство во Европската Унија, но сепак тоа не се случило.
Изрази надеж дека што поскоро ќе се надминат недоразбирањата со Република Бугарија и ќе се создадат услови за одржување на Првата меѓувладина конференија за почеток на преговорите за членство во ЕУ“, се наведува во соопштението за средбата испратено од кабинетот на претседателот на македонското Собрание.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денес ќе биде погребан Зоки Панкер
Последното збогување со Зоран Тодоровски – Панкер, сопственик на клубот „Балет“ ќе се одржи денес, 5 јануари, на Градските гробишта Бутел.
Капелата ќе биде отворена од 13:00 до 14:30 часот, а погребот ќе се одржи по завршувањето на обредот во капелата.
„Скопје се простува со човек кој остави трага, дух и став. Нека почива во мир“, наведуваат неговите пријатели на социјалните мрежи.
Македонија
Мицкоски за Венецуела: Апсолутно стоиме до потезите на САД
Ние како Влада апсолутно стоиме до аргументите и потезите на нашиот стратешки партнер – Соединетите Американски Држави. Мене најмногу ме зaгрижува громогласната тишина на истите тие европски и светски земји во минатото кога меѓународното право се кршеше на грбот на Македонија и македонскиот народ.
Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска прашан за позицијата на нашата држава во однос на приведувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на САД, кое министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вчера го поздрави, наспроти воздржаноста на земјите во Европа кон оваа акција и нивниот став дека со неа се поткопува меѓународното право.
Во изјава за медиумите при посетата на Сопиште денеска Мицкоски кажа дека „таквиот коментар би им го оставил на експертите по меѓународно право“.
– И како тогаш сите тие се оглувеа и никој од нив не го коментираше сето тоа. И како сега наеднаш, сите тие коментираат дали било тоа меѓународно право или не било меѓународно право итн., имајќи предвид дека познавам голем дел од тие што коментираат, а не се меѓународноправни експерти. Јас тоа би им го оставил на експертите по меѓународно право. Но, еднаш кога во животот ќе направите исклучок, тој потоа станува пракса и е прашање на време кога ќе се удри од вашиот грб, рече Мицкоски.
На прашање дали е тоа преседан што отсега може да се случи каде било, Мицкоски повторно укажа на случајот со нашата земја и одговори дека „преседанот е направен уште кога се менуваше знамето на оваа држава за да биде земја членка на ОН“.
– Кога се менуваше Уставот, кога се менуваше уставното име и се лажеа луѓето дека за рок од три-четири години ќе станеме членка на Европската Унија, членка на НАТО итн. Тоа се вистински преседани… Имаше и Хашка пресуда дека не треба да се блокира Македонија, па се блокираше и тогаш имаше громогласна тишина од сите тие што денеска коментираат… А дали ова е преседан или не е, ние како Влада апсолутно стоиме до аргументите и потезите на нашиот стратешки партнер – Соединетите Американски Држави, изјави Мицкоски.
Македонија
Жената која го усмрти човекот во Волково воопшто не обрнала внимание на пешаците, велат од ОЈО
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничената 40-годишна скопјанка, на 3 јануари вечерта во Волково управувала автомобил мерцедес, задржувајќи ист правец на движење, но без притоа да обрне доволно внимание на пешаците кои се наоѓаат на коловозот или кои започнале да чекорат по коловозот.

