Македонија
ССНМ очекува институционална акција за нападите врз Метаморфозис
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници со огорченост ги проследи објавите на социјалните мрежи од последниот период во кои низ дезинформациска кампања со масовно споделување на клевети, навреди и говор на омраза, оркестрирано ја напаѓаат Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис.
Во неа, велат од ССНМ, се таргетираат сегашните и поранешните вработени кои со тоа се изложени на сериозен ризик и закани по личната безбедност.
ССНМ смета дека системските напади се загрижувачки бидејќи се континуирани, а како тие не се процесуираат постои опасност од нивно повторување што ќе ја усложни улогата на Метаморфозис и сличните организации во своите активности. Фондацијата за интернет и општество подолг период и тоа многу успешно, јасно и недвосмислено ги разоткрива, па и ги нагласува лажните вести и дезинформации што очигледно им пречи на групи и поединци.
„Очекуваме и повикуваме на итна и бескомпромисна институционална акција на надлежните затоа што ваквите подли напади освен што се однесуваат на нашите колеги, во исто време го подриваат целокупниот квалитет на новинарската професија.
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници предупредува дека овие форми на пресметки со докажани професионалци најмногу се случуваат во онлајн просторот, и дека токму интернетот е локацијата каде што заканите врз новинарите, опструкциите и најразновидните дискриминации се најприсутни. И затоа сметаме дека ваквите клеветнички постапки треба да бидат „сосечени“ во корен“, соопшти ССНМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

