Македонија
ССНМ со Апел за заштита на новинарските екипи за време на топлотниот бран
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници апелира до сопствениците, менаџерите и уредниците на медиумите да ги почитуваат мерките на Владата и да не ги испраќаат своите екипи на терен ако за тоа не се создадени услови со кои ќе ги заштитат колегите од топлотниот бран.
ССНМ ги повикува и политичките и општествените чинители да избегнуваат настани и обраќања на отворено, но и случувања кои бараат подолг престој на простор на кој температурите се високи. Предлагаат настаните предвидени од претходно да се ревидираат, да се намалат или да се преместат на локации на кои има услови за работа на медиумските екипи.
ССНМ бара, ако веќе мора да известуваат во живо, новинарите и медиумските работници да бидат соодветно опремени од своите медиуми, да им биде обезбеден превоз, да им се обезбеди освежување, а се со цел да се избегнат ситуации во кои ќе биде загрозено здравјето на оние што информираат.
„Исто така, новинарските екипи кои известуваат за пожарите кои изминативе недели горат низ државата треба да бидат соодвено заштитени, односно да им бидат обезбедени барем маски и заштитни очила, а медиумите да се трудат да испраќаат замена за репортерите на пократки временски периоди, особено кога станува збор за опасни ситуации во кои од пожарите се шират отровни гасови.
За сите случаи во кои ќе бидат нарушени основните услови за работа на новинарите, снимателите, фоторепортерите и останатите лица ангажирани во процесот на известување, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ќе реагира и ќе ги пријави до надлежните институции“, се истакнува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

