Македонија
ССНМ со поддршка за нападнатиот новинар Јовановски
Самостојниот синдикат на новинари ССНМ изразува полна поддршка и солидарност со новинарот Борјан Јовановски кој беше нападнат од извршител на политиката на безумие, која за жал се засилува во Македонија.
„Вербалното насилство во континуитет промовирано од власта почнува да метастазира во состојба во која новинарите и медиумските работници веќе не се сигурни ниту на работното место ниту во својата приватност“, се вели во реакцијата на ССНМ.
Од таму велат дека ССНМ нема веќе илузии дека институциите ќе реагираат откако и по десетици напади и закани ниту еден извршител не е повикан на одговорност, а обвиненијата за поттикнувачите од страна на обвнителството се толкуваат како „слобода на говор“.
„Сепак нема да пропуштиме уште еднаш да ја посочиме директната одговорност на
Министерството за внатрешни работи и Обвинителството кои навремено не рагираат и не ги казнуваат ниту извршителите, а уште помалку инспираторите, иако во четири дена сме сведоци на најмалку три напади на новинари, додека на социјалните мрежи се поттикнува правењето списоци за отстрел“, додаваат од ССНМ.
Инаку, новинарот Борјан Јовановски, во четврток додека седел во ресторанот „Воденица“, млад човек со капа на глава вербално го нападнал за потоа и да го исплука во лице, додека друго лице го снимало инцидентот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

