Македонија
Стабилна безбедносната состојба на подрачјето на Охрид
Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид е стабилна.
Изминатово деноноќие, во периодот од 7 часот на 12 април до 7 часот на 13.4.2020 година, две лица од Струга не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот Ковид-19. Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Во истиот период не се регистрирани собирање на граѓани, кражби и сообраќајни незгоди.
Непречено се одвива контролата на лица што се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Нема нови лица со решение за изолација и извршени се 13 контроли на лицата што веќе се во изолација (Охрид – 10, Кичево – 3). Евидентирани се 17 нови лица во самоизолација, (Охрид – 8, Струга – 2, Кичево – 5, Дебар – 2) и извршени се 175 контроли врз овие лица (Охрид – 35, Кичево – 12 и Дебар – 128).
На подрачјето на СВР Охрид регистрирани се вкупно 250 лицa што се под задолжителна мерка државен карантин (Охрид – 225, Струга – 25), кои се сместени во пет сместувачки објекти (Охрид – 4, Струга – 1) На 194 лица (Охрид – 97, Струга – 97) им заврши мерката задолжителен државен карантин. Полициските службеници извршија 64 контроли на угостителски објекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството изврши увид
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно тело на млада жена, како и во изнајмениот стан во кој таа престојувала.
„Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта со детални проверки и вештачења на местото, иако првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело.
Сепак, наредена е обдукција, ќе се вршат распити на повеќе лица, а обвинителството и сите истражни органи интензивно постапуваат за испитување на причините“, соопшти Обвинителството.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

