Македонија
Стаменковска бара оставкa од Манчевски и Филипче: „Заразени има во институциите, јавниот сектор е незаштитен“
Дополнителната заменик-министерка за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска-Стојковски, бара оставка од министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, и од министерот за здравство, Венко Филипче.
Саменковска во статус на „Фејсбук“ вели дека позитивен случај на Ковид-19 е потврден во Министерството за информатичко општество и администрација и во неколку други државни институции, а јавниот сектор е оставен сам на себе.
„Скандалозна и политичка е објавата на Дамјан Манчевски, чиј приоритет се партијата и теснопартиските цели на СДСМ, а не вработените во јавниот сектор! И, по оваа реакција, можам само да заклучам дека заслепениот Дамјан Манчевски, единствено се грижи за партиската агенда зашто каде и да се сврти, ќе ги види институциите што секој ден се вбројуваат во нови кластери, а подрачните центри на ПИОМ и ФЗО веќе ставија клуч на врата! Дали Манчевски знае дека во институцијата во која тој е министер, за жал, веќе имаме позитивен случај на Ковид-19?“, пишува Стаменковска.
Таа вели дека случаи на заразени со коронавирус се потврдени во Град Скопје, Државниот просветен инспекторат, Агенција за храна и ветеринарство, Секретаријатот за европски прашања, Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Општина Гази Баба, Државниот инспекторат за труд.
„И колку, Манчевски, треба да набројуваме за да разберете дека јавниот сектор е оставен сам на себе, а соодветни мерки за заштита нема, тие се задоцнети или не се доволни ⁉️ На сите колеги, вработените во јавниот сектор и граѓаните, кои се борат со коронавирусот, им посакувам добро здравје и брзо закрепнување. Манчевски, преземете одговорност и поднесете оставка и вие и вашиот министер Венко Филипче“, пишува Стаменковска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.