Македонија
Стаменковска-Стојковски: Вработените во јавниот сектор се доведени во ризик
Уште на првиот работен ден илјадници животи на вработените во јавниот сектор се доведени во ризик, обвини дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска-Стојковски.
Таа вели дека не постојат протоколи за работа и соодветна заштита на работно место согласно препораките на СЗО.
„Упатувам апел до Владата веднаш да се прекине со негрижата кон вработените во јавниот сектор, да преовладува разумот и да се овозможат мерки за нивна заштита. Упатувам апел сите вработени кои се распределени и патуваат надвор од местото на живеење да бидат вратени во матичната институција или веднаш да бидат ослободени од патување за да се заштитат нивните животи и нивните семејства. Хронично болните, бремените жени, лицата кои се самохрани родители…. веднаш да бидат ослободени од работа, а функционерите на СДСМ за кои добив известување дека не ги почитуваат мерките и препораките веднаш да бидат санкционирани и повикани на одговорност“, кажа Стамнковска-Стојковски.
Таа апелира да се ослободат сите вработени кои немаат безбеден и редовен превоз до нивното работно место и назад, да се преземат мерки за соодветна организација на работните единици/простории во инистуциите за да има соодветен простор/растојание помеѓу вработените и апелира на работа од дома освен за институциите каде навистина се има потреба од физичко присуство на вработените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

