Контакт

Македонија

Станковиќ: За да се реши проблемот со ЈСП, Арсовска и нејзините пајташи веднаш да си дадат оставка

Објавено пред

„Прво и основно, секој од нас од човечки аспект ги подржува работниците и тука не треба да стане збор дали некој ги подржува или не ги подржува работниците. Каде настанува одреден проблем за кој што всушност и ние денеска дебатираме. Ако се сеќавате на 18 ноември имаше точка на дневен ред каде што беа предвидени субвенции за ЈСП Скопје, не сега овие субвенции од 700 милиони денари, него 110 милиони денари субвенции за јавното претпријатие, а тоа се оние пари кои што беа нели предвидени во буџетот и кои беа наводно резервирани. После три пати закажување на седници за дебатирање основното нешто што беше изнесено овде пред сите советници, и од страна на директорот, на раководството, од страна на претставникот на Град Скопје бидејќи градоначалничката не беше присутна кога се бараа тие субвенции и најчесто не е. Беше истакнато дека се бараат исклучително 110 милиони или 2 милиони евра за да се исплатат плати за ноември и декември 2023 за вработените во ЈСП Скопје. Оттаму кога дојдовме денеска на седница и се истакнува дека вработените не земале плата за декември месец и ги гледаме дека заедно дека се собрани пред вратата да штрајкуваат и да, ги поддржуваме, но останува прашањето зошто тие вработени немаат земено плата за декември кога советот  изгласа субвенции за плата за ноември и декември“, рече Малиша Станковиќ, советникот од коалицијата „За обнова на Македонија“ на денешната вонредна седница и додаде:

dobivaj vesti na viber

-Координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ претходно истакна дека не е тука адресата на која што тие вработени треба да се обратат, адресата е на друго место.Станковиќ во текот на своето обраќање дека оваа точка не требало да биде на дневен ред затоа што претходно имало изгласано плата за месец ноември и декември.-Каде завршија тие 110 милиони денари субвенции. Ние знаејќи дека веќе изгласана плата за ноември и декември, сметавме дека оваа точка не треба да биде дел од вонредна седница. Ако веќе сме дале пари за ноември и декември плата зошто тогаш ова би било вонредна точка? Ние сега сметаме дека со овие субвенции, така и е предвидено да бидат плата за јануари, февруари, март, кажа тој.Станковиќ потсети дека и претходно се сомневал во искрените намери на раководството на Град Скопје.„Јас тогаш од ова говорница зборував дека се сомневам во искрените намери на раководството, пред се на раководството во Град Скопје дека наменски ќе ги искористи овие средства кои после тоа ги гласавте. Се искористија ли наменски средствата, ако ги искористија наменски плата ќе имаше“, заклучи тој.На крајот, Станковиќ порача дека за да се реши проблемот со ЈСП, потребно е реструктуирање, кои би почнало најпрвин со тоа што претседателката на Нова алтернатива да си даде оставка, а потоа на сите пајташи што ги донела и го заглавија градот.„Ако сакате ЈСП Скопје да функционира, вработените редовно да земаат плата, тука да се зборува за реструктуирање, најголемото реструктуирање би почнало и реално ако сакате, претседателката на Нова алтернатива да го помогне ЈСП, сега е моментот да си даде оставка, поголема помош од тоа нема. Тука е првата причина и првата помош е тука, дајте си оставка и ќе помогнете, па по тебе и сите пајташи што ги имаш донесено и кои го заглавија градот. Па кога ќе завршиш со пајташите околу тебе, оставка и за овие таканаречени опозиционери, кои се опозиција, имаат по 2-3 директори на изгубени избори“, порача Станковиќ.

Македонија

Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово

Објавено пред

Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.

dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Македонија

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Објавено пред

Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.

dobivaj vesti na viber

„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.

ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Вчера, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од претседателските избори...

Македонија3 часа

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните...

Македонија6 часа

За Бојмацалиев, полицијата е модерна и европска, Тошковски, пак, шокиран од недостоинствените услови во кои работат

Со свеченост во паркот кај авионот во скопско Ново Лисиче денес беше одбележан Денот на полицијата, 7 Мај. Техничкиот министер...

Економија7 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија8 часа

Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Зоран Милевски-Кичеец го пријавил Бојан Јоавновски-Боки 13 во полицијата. Ова се однесува на статусот што Јовановски го објави вчера, а...

Топ11 часа

Тешка сообраќајна несреќа кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае. Во несреќата учествуваа две возила, од...

Свет11 часа

Израел: Ја презедовме контролата на преминот Рафа, специјалните сили на терен

Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој...

Македонија11 часа

На ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Денес своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во...

Македонија11 часа

Акредитирани 1.078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски...

Македонија12 часа

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда...

Македонија22 часа

МВР: Во Чашка приведени две лица поради сомнеж за изборен поткуп – фатени се со пиштоли, списоци и пари

Денеска во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го приведоа И.И.(52) од село Мелница,...

Македонија1 ден

Од полноќ почнува изборниот молк

На полноќ почнува изборниот молк пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат в среда. Изборниот...

Топ1 ден

Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат

Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит...

Топ1 ден

Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница

Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово. Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во...

Свет1 ден

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Италијанскиот министер за одбрана изјави денеска дека економските санкции наметнати на Русија не успеале и го повика Западот да направи...

Свет1 ден

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

  Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството...

Македонија1 ден

Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа...

Македонија1 ден

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година

Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден. „На...

Македонија1 ден

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Охридската гимназија, цела година е со раскопан двор. Учениците се заложници на неспособната локална власт, предводена од ДПМНЕ. Парите на...

Македонија1 ден

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

На полноќ завршуваат кампањите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните. Кампањата за претседателските избори започна веднаш по...