Македонија
Старата „Систина“ ќе биде ковид-центар, лекувањето на трошок на државата
Министерот за здравство, Венко Филипче, вечерва по состанокот со сопствениците на приватните болници на „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“, истакна дека е постигнат договор и обезбеден е дополнителен капацитет од 100 кревети за третман на ковид пациенти. Станува збор за ресурси коишто државата ќе ги користи од приватните болници.
„ Заеднички се договоривме тоа да биде болницата „Мала Богородица“ – старата болница на Систина кадешто може да се сместат 100 пациенти. Целосно ќе бидат опремени од страна на сите приватни болници со нивни заеднички договор. Од таму ќе биде обезбеден и кадар и материјали. И за сето тоа соодветен надоместок согласно постојните закони ќе плаќа државата“, потенцираше Филипче и додаде дека дополнителниот капацитет од 100 кревети ќе бидат на располагање некаде на крајот на неделата.
Филипче информираше дека и во државните болници има доволен број на кревети. Тој изјави дека утрово имал координација со директорите на клиниките и ГОБ „8 Септември“, а во секојдневна комуникација исто така е и со директорите на клиничките и општите болници.
На одговор на новинарско прашање, Филипче рече дека целосно ќе се опреми болницата „Мала Богородица“. Треба да се инсталира кислород, што ќе биде готово за неколку денови и треба да се донесе опремата којашто физички не е таму.
„ Секој ќе партиципира согласно можностите, согласно големината, согласно капацитетите. Така да, тој број на 100тина кревети верувам дека во следниот период којшто доаѓа ќе биде сосем доволен оваа криза да се изменаџира“, посочи Филипче и додаде дека граѓаните нема да сносат дополнителен трошок, односно ќе биде на трошок на државата. Кадарот ќе биде целосно од приватните болници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

