Македонија
Стафансон: Шведска го поддржува продолжението на процесите кон евро-атлантската иднина на Македонија
Шведска ја поддржува Македонија во продолжението на процесите што водат кон заокружување на евро-атлантската иднина на нашата држава, е пораката што ја пренесе амбасадорот на Кралството Шведска во Република Македонија, Матс Стафансон, на премиерот Зоран Заев.
На состанокот е констатирано дека е неопходно сите политички субјекти да се посветат на конструктивни политики што носат напредок на Македонија и квалитетен живот за граѓаните.
„Мојата определба како премиер и определбата на Владата е низ интегративен политички процес во државата, да се постигне договор за важните политички прашања, во интерес на иднината на Македонија. Тоа го покажавме и во договарањето за ДИК, за финансирањето на политичките партии, за измените во Законот за Влада. Очекувам сите од опозицијата да се придружат на мнозинската политичка определба и на определбата на граѓаните за евро-атлантска иднина. Затоа верувам дека референдумот ќе биде успешен и на него ќе биде одразена мнозинската волја, за Македонија интегрирана во ЕУ и НАТО“, рече премиерот Заев.
Претседателот на Владата, Зоран Заев, му се заблагодари на амбасадорот на Кралството Шведска, Матс Стафансон, за големата поддршка што ѝ ја дава Шведска на Македонија во сите демократски и развојни процеси на нашата држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

