Македонија
Стефковски го свика советот за превенција: Ќе направиме сѐ за безбедноста на граѓаните
Денес се одржа седница на Локалниот совет за превенција на општина Гази Баба.
На седницата, градоначалникот Бобан Стефковски информираше за превземените активности од страна на општина Гази Баба за вонреден инспекциски надзор над угостителските објекти и станбените згради на територија на општина Гази Баба, при што истакна дека ги уверува граѓаните дека општината ќе превземеме се што е потребно со цел да се заштити безбедноста на граѓаните.
Дополнително, Советот за превенција се информираше и за укажувањето до општинските основни училишта за исполнување на законските обврски од областа на Заштита и спасување.
Локалниот совет за превенција заклучи дека општинските основни училишта изминатиот период во соработка со надлежни институции, Црвениот крст и невладини организации вршеле континуирани активности за едукација на учениците за справување со ризици.
Советот за превенција на општина Гази Баба едногласно ги донесе следните заклучоци:
1. Локалниот совет за превенција на општина Гази Баба ја афирмира својата цврста заложба за обезбедување на услови за зачувување на безбедноста по здравјето на граѓаните на општина Гази Баба;
2. Локалниот совет за превенција на општина Гази Баба дава поддршка на реализацијата на сеопфатните превентивни активности и мерки од областа на Заштита и спасување кои ги превзема општина Гази Баба;
3. Локалниот совет за превенција на општина Гази Баба дава поддршка на секторот за инспекциски работи на општина Гази Баба за спроведување на вонреден инспекциски надзор со цел утврдување на фактичката состојба за исполнување на законските обврски на сите угостителски објекти и станбени згради на територија на општина Гази Баба.
4. Локалниот совет за превенција на општина Гази Баба го поддржува укажувањето доставено до општинските основни училишта, детски градинки и ЈКП Гази Баба за исполнување на законските обврски од областа на Заштита и спасување.
5. Локалниот совет за превенција на општина Гази Баба превзема обврска за реализација на едукативни активности во насока на едукација на граѓаните за постапување во услови на пожар или друга несреќа.
6. Локалниот совет за превенција на општина Гази Баба им препорачува на општинските основни училишта и детските градинки во следниот период да реализираат активности за едукација на учениците и дечињата за постапување во услови на пожар или друга несреќа. За исполнување на оваа препорака да се земе во предвид Протоколот изработен од СВР Скопје, Одделение за превенција.
7. Локалниот совет за превенција на општина Гази Баба им препорачува на општинските основни училишта во соработка со Министерството за образование и наука да организираат едукативни активности со Комората на психолози и Црвениот крст за стручните служби во училиштата.
На седницата присуствуваа пратениците во Собранието на Република Македонија Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски и Дијана Илиевска, претседателот на Советот на општина Гази Баба, членови на Советот на општина Гази Баба, директорите на општинските основни училишта и детски градинки, директорот на ЈКП Гази Баба, претставници на Македонската православна црква – Охридска архепископија, Министерството за Внатрешни работи, Министерство за образование и наука, Центар за социјални работи на град Скопје, Месните и Урбаните заедници и Општинската организација на Црвениот крст на Гази Баба.
Седницата започна со едноминутно молчење во знак на почит кон загинатите во несреќата која се случи во Кочани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

