Македонија
Стефковски на терен со Црвениот крст: делеа вода на граѓаните во Ченто поради високите температури

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, заедно со волонтери од општинската организација на Црвениот крст – Гази Баба, денес, на терен во Ченто ја почнаа акцијата за делење пакувана вода по повод високите температури.
„Граѓанинот, пред сѐ“, напиша Стефковски на социјалните мрежи.
„Заедно со волонтерите на општинската организација на Црвениот крст – Гази Баба им поделивме пакувана вода на граѓаните во Ченто.
Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат советите од здравствените работници за заштита од високите температури.
Општина Гази Баба како одговорна локална самоуправа оваа акција ќе ја продолжи и во следниот период на други локации во општината“, напиша Стефковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).