Македонија
Стефковски: Не е точно дека во Гази Баба ќе се гради бетонско чудовиште како што тврди Левица
Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски реагира на прес конференцијата на политичката партија Левица. Тој вели дека Левица уште еднаш на дело го докажува своето паушално делување преку оддржување на прес конференции без никаква суштина.
На прес конференција Левица обвини дека во Гази Баба ќе се гради “бетонско чудовиште”.
-Ја информирам јавноста дека ваквите тврдења се лажни и дека во рамки на општината не се води постапка за издавање на одобрение за градење на градба какво што се споменува во наведената прес конференција. Хуманата урбанизација, инфраструктурниот развој и напредокот на општина Гази Баба ќе продолжат и во иднина. Нема да дозволам ниту Левица, ниту било кој да го запре развојот на Гази Баба, вели градоначалникот Стефковски.
Тој додава дека денес општината носи детални урбанистички планови во јавни и транспарентни постапки низ дијалог со граѓаните и тоа ќе биде така и во иднина, бидејќи народот ја дава навигацијата на нашето идно постапување.
-Граѓаните да бидат спокојни. Со заминувањето на СДСМ од општина Гази Баба, заврши носењето на ДУПовите зад затворени врати и во интерес на градежната мафија, додава тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 22 часот вчера, патниот сообраќај на стариот регионален пат Р-1101 Прилеп – Битола е пуштен во двата правци. Претходно беше во прекиин поради сообраќајна несреќа, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Фото) Втора вечер на Новогодишниот базар во Чаир
Вчера се одржа втората вечер на Новогодишниот базар во Чаир, на Плоштад Скендербег, продолжувајќи ја празничната атмосфера што го одбележува овој настан. Плоштадот беше исполнет со бројни граѓани кои уживаа во декоративните светилки, празничните штандови и новогодишниот дух, велат од општина Чаир.

Вечерта започна со детска музичка програма, со песни и празнични настапи за најмладите, по што атмосферата продолжи со музика од DJ Едмир, создавајќи жив и пријатен амбиент за сите генерации.

Новогодишниот базар во Чаир продолжува и во наредните вечери, носејќи дополнителни содржини и празнична живост во пресрет на новата година.




Македонија
Стабилно и студено со ниски утрински температури
Утрото ведро и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредниот период
Во наредните денови времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

