Македонија
Стефковски: Сместување за семејствата на повредените кои се на лекување во Скопје

Oпштина Гази Баба во координација со Владата на Република Македонија, а во соработка со ДУЦОР Партенија Зографски и Студенскиот дом Томе Стефановски Сениќ обезбедува сместување и храна за членовите на семејствата кои имаат свои повредени на лекување во болниците во Скопје.
На секој граѓанин на кого му е потребно сместување и престој во Скопје може да се јави на следните телефонски броеви:
Игор Петрески – 075430106 претставник на ДУЦОР Партенија Зографски
Иван Симоновски – 078292582, директор на Студенскиот дом Томе Стефановски Сениќ
Перица Пешевски – 075336338 претставник на општина Гази Баба
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Со авиони се транспортираат најтешко повредените од пожарот во Кочани во земјите од соседството

Министерството за здравство информира дека во моментот се организира авионски транспорт за најтешко повредените во пожарот во дискотеката во Кочани.
Пет пациенти се упатуваат на лекување во Бугарија, од кои двајца се од Хируршката клиника ,,Св. Наум Охридски” и тројца од ТОАРИЛУЦ.
Во Турција на лекување ќе се упатат тројца пациенти од ТОАРИЛУЦ и шест од ГОБ ,,8 Септември”.
Исто така, за Грција со возила на ИМП се транспортирани тројца пациенти од ТОАРИЛУЦ.
Со возила на ИМП ќе бидат транспортирани уште пет пациенти за Бугарија и пет за Србија.
Македонија
Сара Пројковска придружен вокал на „ДНК“ загина во пожарот во Кочани

Сара Пројковска придружен вокал на дуото „ДНК“ загина во пожарот во дискотеката во Кочани.
„Со длабока жалост и неверица ве известуваме дека нашата колешка, вонр.проф.м-р Сара Пројковска, го загуби животот во невидената трагедија во Кочани.
Нашата Сара, полна со љубов, живот и музика, лавица и добрица…“, велат од Факултетот за музичка уметност.
Македонија
Андреј Лазаров фудбалер на Шкупи го загуби животот во трагедијата во Кочани

Фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров e помеѓу загинатите во трагедијата во Кочани, а преку социјалните мрежи се прости и репрезентативецот Бојан Миовски.
Миовски на неговиот Инстаграм профил објави фотографија од Лазаров и додаде:
„Почивај во мир, брат мој“.
Како што информираат од фудбалскиот клуб Шкупи, Лазаров во дискотеката помагал на останатите присутни да се извлечат, на крајот се задушил во чадот.
„Лазаров го загуби животот обидувајќи се да им помогне на другите да се спасат од просторот зафатен од пожар. Тој се задуши од чадот за време на неговите обиди да спаси животи, покажувајќи храброст и хуманост до последниот момент. Неговиот херојски чин засекогаш ќе остане во нашето сеќавање, како сведоштво за неговиот благороден карактер и неговото големо срце“, објавија од Шкупи.
Лазаров во кариерата настапуваше за Металург, Тиквеш и Работнички во Македонија, како и хрватските Рудеш и Горица.
Фудбалерот Андреј Лазаров кој имаше 25 години и беше помеѓу повредените во болницата во Штип го загубил животот.