Македонија
Стефковски: Стајковци добива нова спортска сала во вредност од 20 милиони денари
Во Стајковци се отвора нова спортска сала во основното училиште „Кирил и Методиј“, инвестиција обезбедена од буџетот на Општина Гази Баба, која чини 20 милиони денари.
Бобан Стефковски, градоначалник на општина Гази Баба, порача дека е среќен што по 50 години, населеното место Стајковци и учениците од Стајковци и од околината добиваат спортска сала, во која ќе може да ги реализираат часовите по физичко и по здравствено образование.
„Салата е опремена со најсоодветна опрема и спортски реквизити и тука учениците ќе може да практикуваат повеќе видови спорт: мал фудбал, кошарка, одбојка, ракомет, гимнастика и борачки вештини. Особена чест е за мене што на моја иницијатива салата ќе го носи името на Бобан Ивановиќ, македонски херој, кој животот го загуби бранејќи ја Македонија во акцијата во Диво Насеље. Со оваа одлука споменот за Бобан Ивановиќ ќе биде вечен и никогаш нема да се заборави. Исто така, во текот на денешниот ден свечено пуштивме во употреба и отворен спортски комплекс, во чии содржини има фудбалско игралиште со подлога од вештачка трева, ново кошаркарско игралиште и детско катче и жителите од околината од сите возрасти и од сите генерации ќе може да спортуваат, да се дружат и да се рекреираат“, порача тој и дополни:
„Општина Гази Баба на почетокот на оваа година почна со голема градежна офанзива, така ќе продолжиме и во иднина, со цел реализација на сите проекти што се од нашата изборна програма и навистина да им направиме подобри услови за живеење на нашите сограѓани во општина Гази Баба“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

