Македонија
Стоилковски: Артан Груби вработи роднина во Министерството, тоа е директен непотизам
Според објавената одлука за вработување за Сезар Груби како самостоен референт, Артан Груби очигледно го приватизира Министерството со тоа што вработува свој роднина и ова е директен непотизам, а соодветните институции треба да реагираат, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во врска со партизацијата на Министерството за политички систем на Артан Груби.
Стоилковски потенцира дека Артан Груби избра да вработи свој роднина на работното место самостоен референт за стратешко планирање, креирање политики и следење, во одделението за стратешко планирање, креирање политики и следење.
„Ова е директен непотизам и е во спротивност со Законот за спречување на корупцијата. Не само реакција од Груби и од Владата, очекуваме реакција и од ДКСК и од сите други соодветни институции, веднаш да го испитаат случајот и да се поништи одлуката за вработување на роднината на Артан Груби“, истакна Стоилковски.
Тој нагласи дека во спротивно, наместо во заштита на законот и институциите, ќе работат во полза на партизација и зголемување на администрацијата спротивно на интересите на народот, со што ќе бидат соучесници во делото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

