Македонија
Стоилковски: ЕУ и НАТО загрижени за корупција во М-НАВ и за безбедноста на небото
Лажната проевропска коалиција СДС и ДУИ не престанува да ја срами и скандализира Македонија во меѓународните очи, со заштита и поддршка на партиските банди, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоиолковски.
„Цела недела лажната проевропска коалиција бега од вистинско правно -политичко приоѓање кон Загрозување на меѓународниот авиосообраќај над Македонија. Лажната проевропска ориентација на СДС и ДУИ е до толку поголема, што цела недела НАТО држави се загрижени за безбедноста на македонското небо, а ЕУ бара итно расчистување на корупцијата, кронизмот во Македонската навигација. А, каков е одговорот на лажните проевропејци од СДС- ДУИ?
По цела недела укажувања, Владата се обидува повторно да инсталира член на партиските банди за директор без потребни квалификации!
По цела недела укажувања, нема вистински правен одговор за загрозување на меѓународниот авиосообраќај.
Цела недела мина од насилниот упад на партиска банда на ДУИ предводена од Беким Незири и 7-мина од блиските на врвот на ДУИ, цела недела нема правна разрешница, а Владата на сила турка формулација „колегијално кошкање“.
Ова е срамно, но и безбедносно прашање. Но повеќе и од лажните пророци за европски вредности никој и не очекува. Вистинска правна разрешница ќе има по изборите. Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме!“, рече Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

