Македонија
Стоилковски: Заев и СДСМ кукавички избегаа од избори
Зоран Заев и СДСМ кукавички избегаа од избори бидејќи знаат дека жестоко ќе ги загубат, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на прес-конференција.
Тој рече дека кукавичкото бегство на Заев да се соочи со граѓаните било најдобар доказ дека вистинските анкети говорат оти власта е без поддршка од народот и дека Заев губи.
„Образложението дека ќе се закочеле реформите и затоа ќе немало избори е само параванот зад кој стои стравот од поразот на избори. Едно е сигурно, а тоа е дека токму Владата е главната пречка за сите реформи и затоа треба да падне“, изјави Стоилковски.
Според опозицијата, СДСМ и Заев се во голема паника и страв и не сакаат избори затоа што ќе ја загубат власта, која за нив значи пари, богатење, заштита на криминалот и на непотизам.
„Да не заборавиме дека оваа власт опстојува вештачки, без реална поддршка од граѓаните, беше формирана без мнозинската поддршка од народот, сега одбива да се соочи повторно со граѓаните. Не е до реформите, Заев и СДСМ не сакаат избори затоа што така ќе си ги загубат привелегиите, криминалните тендери, непотоизмот и можностите за корупција и затоа што треба да одговраат пред словото на законот за сето ова“, рече Стоилковски.
Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на претседателските избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

