Македонија
Стоилковски: Запрена дивоградба за која има основано сомневање дека зад неа стои Артан Груби
Запрена е дивоградба за која има основано сомневање дека зад неа стои првиот вицепремиер Артан Груби, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Тој рече дека градител на дивоградбата е братучед на Груби.
„Почнатата луксузна градба со базен е дивоградба затоа што за неа нема дозвола. И затоа градбата е запрена од Општината! Кога се нема дозвола, а се гради, тоа е дивоградба и тоа е криминал. Со денови Артан Груби и ДУИ шират лаги дека ВМРО-ДПМНЕ е против градење, а Христијан Мицкоски забранил Албанци да градат во општините, а ова е причината: сопрена дивоградба, градба без документи, на Груби! Никој не е против градба, ниту има етничка заднина, ВМРО-ДПМНЕ е против криминалот, а градење без документи е криминал! И тоа го боли Артан Груби“, рече Стоилковски.
Како што додаде, и оваа дивоградба и запирањето на градбата од Општината се причината за Артан Груби да посакува меѓуетнички конфликт да обвинува за дискриминација. Запирањето на дивоградба, вели Стоилковски, е причина за Груби да ја злоупотреби ДУИ за соопштенија дека ВМРО-ДПМНЕ им забранува на Албанците да градат.
Стоилковски вели дека Артан Груби е професионален Албанец, кој ја злоупотребува етничката припадност за криминали. Од криминалот на Груби губат и Албанци и Македонци, а ќар има само тој, додаде Стоиловски.
Потсети дека ова е петти огромен скандал поврзан со Артан Груби по дуќанот во Центар, баждарењето нафтени деривати, хотелот на Шапка и житото од државните резерви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.
Македонија
Утре без вода дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарната Илинден
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре (19.02.2026) поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.(општина Чаир)

