Македонија
Стоилковски за новиот КЗ: Се сомневам дека СДС ќе се откаже од личната амнестијата што си ја донесе во Собранието
Првин да го видиме предложениот закон. Искуството досега покажува дека во Собранието стигнуваат предлози изработени во партиските штабови на СДС наместо од работните групи, истакна за време на денешната изјава портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, одговарајќи на прашање дали ВМРО-ДПМНЕ би дала поддршка во Собранието за новиот Кривичен законик, кој е во фаза на подготовка и за кој академик Камбовски изјави дека казните за злосторничко здружување се по стариот терк, како што беа пред да бидат донесени новите измени во сегашниот Кривичен законик.
Стоилковски исто така додаде дека не верува оти СДС ќе се откаже од амнестијата што си ја донесе во Собранието.
„Се сомневам дека СДС ќе се откаже од онаа лична амнестија што си ја донесе во Собранието“, заклучи Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стабилно и студено со ниски утрински температури
Утрото ведро и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредниот период
Во наредните денови времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен приклучок Ф200мм. на улица Титовелешка бб.со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населбата Маџир Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:30 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Сообраќајка на патот Прилеп-Битола, сообраќајот во прекин
Од 21 часот сообраќајот на регионалниот пат Р – 1101 Прилеп – Битола кај селото Тополчани е во прекин.
Како што соопшти АМСМ во вонредниот извештај, прекинот е поради случена сообраќајна несреќа.
Во моментов нема податоци за учесниците во несреќата, ниту за можни повреди.

