Македонија
Стоилковски: Обвинителството да отвори предмет за МВР за тендерите од милион евра
Институциите за справување со корупцијата молчат пред скандалот во МВР, откако стана јасно дека мала фирма за камионски транспорт добива тендери од еден милион евра, и тоа тендери не за транспорт туку за водоинсталатерски работи и набавка на соларни панели, обвини на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, порачувајќи до Обвинителството да отвори предмет.
Тој рече дека институциите молчат откако стана јасно дека овие два тендера доделени на неспецијализирана фирма, ДООЕЛ на еден човек, биле спроведувани во предизборен период.
„Не е до перцепцијата, Македонија тоне во криминал, тоне во корупција заради молк на институциите што треба да се борат со криминалот и корупцијата. Внимавајте, МВР дава милион евра тендер за сончеви колектори и водоинсталатерски работи на, народски кажано, ‘трговец поединец’ мала фирма за камионски транспорт? И тоа за ДКСК и за ЈО не е тема за отворање предмет? Уште повеќе што постојат индиции дека таа фирма на еден човек и до сега има тендерски скандали во јавноста, а поврзани со СДСМ и нивните градоначалници. Уште еднаш ова се документите, ова се договорите, двата договора вредни еден милион евра за сончеви панели и водоинсталатерски работи, ова се податоци од централен регистар и УЈП. ЈО не смее повеќе да молчи и да дозволува да царува криминалот и корупцијата со злоупотреби на институциите за државна репресија, институција како Министерството за внатрешни работи. Документите се јавно достапни, ЈО мора да отвори предмет за МВР, за двата тендера вредни еден милион евра“, изјави Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Финансиска полиција поднесе кривична против бизнисмен, го оштетил буџетот на државата за 11 милиони денари
Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.Г во својство на сопственик и управител на правниот субјект Друштво за консултантски услуги АЛТЕРА КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје и против правното лице Друштво за консултантски услуги АЛТЕРА КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје поради основано сомнение дека го сториле кривичното дело 60-а од Законот за Данок на додадена вредност.
Првопријавениот од 03.08.2021 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за второпријавениот правен субјект Друштво за консултантски услуги АЛТЕРА КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје, постапил спротивно на член 43 став 3 од Закон за ДДВ, на начин што, пријавената даночна обврска по основ на ДДВ во износ од 11.004.500 денари која бил должен да ја плати во рок од 15 дена по денот на приемот на решенијата за утврдување на данок, не ја уплатил, односно ја присвоил за себе и пријавеното правно лице, со што пријавениот го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија во износ од 11.004.500 денари.
Македонија
СДСМ: Пациентите страдаат – Таравари и неспособната Влада ја доведоа Онкологија пред колапс
СДСМ изразува сериозна загриженост за катастрофалната состојба на Клиниката за онкологија во Скопје, каде што пациентите од цела Македонија се соочуваат со недостаток на животно потребни лекови, недостаток на здравствен кадар и елементарни услови за лекување.
Оваа состојба, како што велат од партијата, е резултат на неспособноста и негрижата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и министерот Таравари кој се шета по Вашингтон и си објавува слики додека пациентите страдаат.
„Недостатокот од лекови, недостигот од кадар и очигледната негрижа за потребите на пациентите се директен показател за уништувањето на здравствениот систем под раководството на оваа влада. Нивните ветувања за реформи и подобрување на здравството се покажаа уште една празна лага. Додека владините функционери трошат народни пари за луксуз, мебел, коли и замислуваат нови авиони за мининистрите македонските граѓани плаќаат со најскапото – своето здравје“, се вели во партиското соопштение.
СДСМ бара итна реакција за набавка на неопходните лекови и зголемување на бројот на здравствен кадар на Онкологија.
Македонија
„СДС е на сигурен пат да ја снема, исто како што го снема и Артан Груби“, вели ВМРО-ДПМНЕ
„СДС е на сигурен пат да ја снема. Со нивното молчење, СДС е на пат да исчезне и да ја снема, исто како што исчезна и го снема Артан Груби. Како изминуваат деновите, а не се извинува за тоа што го остави Груби да краде и прави криминални дела, СДС губи се повеќе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Единствени виновници и одговорни за криминалите на Артан Груби се СДС кои, иако Оливер Спасовски го имаа министер за внатрешни работи за време на целиот период на владеење, ниту го спречија, ниту против него поведоа постапка.
СДС го имаа под нивна контрола и судството и обвинителство, но иако Артан Груби се најде на црната листа на САД за примање мито за влијание, преку одредени судии, врз судски одлуки, но таквите информации не допреле до нив. Па така, се до последните денови на нивната власт немаше никаков предмет или истрага против Груби.
Судско обвинителската власт, како и МВР кои треба да постават ред и поредок како и правна држава, меѓу другото, молчеа за еден од случаите кои сега веќе два месеци ја тресе македонската јавност, а тоа е Артан Груби.
Веќе на сите им е јасно, дека СДС свесно му дозволи на Артан Груби да краде и дека тоа го направиле за да останат подолго време на власт.
Да не беа СДС и нивната желба за останување ден повеќе на власт, криминалот Груби и неговото пљачкање на државата, немаше да биде возможен.
А, со тоа што не се извинуваат, СДС само потврдуваат дека без нив Артан Груби немаше да и се случи на Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.