Македонија
Стоилковски: Спасовски да одговори дали постои видео како Ариф Асани влијае за пуштање на пукачот во Чаир
СДСМ и МВР на Оливер Спасовски молчат за каубојската оружена пресметка во скопски Чаир. Вчера не одговорија дали лицето што пукало кон полицијата поради контрола на возилото и потоа е ослободено е осудено за истото дело и веќе цела година има наредба до СВР Скопје да биде приведено за издржување на затворската казна? Ова го истакна на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Оливер Спасовски повеќе не смее да се крие и како прв човек на МВР мора да одговори:
Дали Ариф Асани, функционер на ДУИ и втор човек во БЈБ, е снимен од камерите на системот „Сејфсити“, од безбедносните камери, вечерта на местото на пукањето во Чаир?
Дали заменик-директорот на Бирото за јавна безбедност е снимен од камерите како трча кон полициските службеници, а тие, по разговор со него, го пуштаат лицето да замине?
Дали постои снимка од системот „Сејфсити“, на која се гледаат полицајците и Ариф Асани, а на снимката нема други лица?
Дали полицајците во своите службени белешки прикриваат дека Ариф Асани влијаел тие да го ослободат лицето, па е наведено дека „поголема група граѓани ги попречила да го приведат лицето“?
Почитувани,
МВР под Оливер Спасовски не смее да биде подружница на СДСМ и да служи за самоволие на ДУИ. Доколку врхушката на СДСМ сака, тие може да бидат заложници на ДУИ, но Македонија ниту кој било граѓанин не смее да биде заложник, само и само за гола власт на СДСМ. Со СДСМ, наместо извор и гарант за безбедност на граѓаните, МВР стана извор на небезбедност.
Оливер Спасовски, доста се криеш, ова е огромен скандал. Македонија не смее да биде мафијашки рај за ти да бидеш министер! Премногу е!“, рече Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Облачно со дожд и засилен јужен ветер, заладување кон крајот на неделата
Времето денес ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од 3 до 9 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 6 до 14 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на нестабилна воздушна маса, до крајот на неделата времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе надминат 20 литри на метар квадратен. До среда ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.
Во четврток и петок ветерот ќе го промени правецот во северен, што ќе услови пад на температурите.
Македонија
Денес ќе биде погребан Зоки Панкер
Последното збогување со Зоран Тодоровски – Панкер, сопственик на клубот „Балет“ ќе се одржи денес, 5 јануари, на Градските гробишта Бутел.
Капелата ќе биде отворена од 13:00 до 14:30 часот, а погребот ќе се одржи по завршувањето на обредот во капелата.
„Скопје се простува со човек кој остави трага, дух и став. Нека почива во мир“, наведуваат неговите пријатели на социјалните мрежи.
Македонија
Мицкоски за Венецуела: Апсолутно стоиме до потезите на САД
Ние како Влада апсолутно стоиме до аргументите и потезите на нашиот стратешки партнер – Соединетите Американски Држави. Мене најмногу ме зaгрижува громогласната тишина на истите тие европски и светски земји во минатото кога меѓународното право се кршеше на грбот на Македонија и македонскиот народ.
Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска прашан за позицијата на нашата држава во однос на приведувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на САД, кое министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вчера го поздрави, наспроти воздржаноста на земјите во Европа кон оваа акција и нивниот став дека со неа се поткопува меѓународното право.
Во изјава за медиумите при посетата на Сопиште денеска Мицкоски кажа дека „таквиот коментар би им го оставил на експертите по меѓународно право“.
– И како тогаш сите тие се оглувеа и никој од нив не го коментираше сето тоа. И како сега наеднаш, сите тие коментираат дали било тоа меѓународно право или не било меѓународно право итн., имајќи предвид дека познавам голем дел од тие што коментираат, а не се меѓународноправни експерти. Јас тоа би им го оставил на експертите по меѓународно право. Но, еднаш кога во животот ќе направите исклучок, тој потоа станува пракса и е прашање на време кога ќе се удри од вашиот грб, рече Мицкоски.
На прашање дали е тоа преседан што отсега може да се случи каде било, Мицкоски повторно укажа на случајот со нашата земја и одговори дека „преседанот е направен уште кога се менуваше знамето на оваа држава за да биде земја членка на ОН“.
– Кога се менуваше Уставот, кога се менуваше уставното име и се лажеа луѓето дека за рок од три-четири години ќе станеме членка на Европската Унија, членка на НАТО итн. Тоа се вистински преседани… Имаше и Хашка пресуда дека не треба да се блокира Македонија, па се блокираше и тогаш имаше громогласна тишина од сите тие што денеска коментираат… А дали ова е преседан или не е, ние како Влада апсолутно стоиме до аргументите и потезите на нашиот стратешки партнер – Соединетите Американски Држави, изјави Мицкоски.

