Македонија
Столтенберг: НАТО е подготвен да го потпише пристапниот протокол со Македонија
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, најави дека в среда, во Брисел, министрите за надворешни работи на земјите членки на алијансата, за време на разговорите за Западен Балкан, ќе го разгледаат пристапниот процес на Македонија во НАТО, како и годишниот акциски план за Босна и Херцеговина.
„Веднаш штом договорот за името ќе биде применет, подготвени сме да го потпишеме пристапниот протокол со Скопје. Се надевам дека Скопје ќе ја искористи оваа шанса да пристапи кон НАТО. Ние сме подготвени да ги поздравиме како 30. членка“, порача Столтенберг говорејќи за Македонија.
Тој додаде дека по потпишувањето на пристапниот протокол, македонската влада ќе почне да присуствува на министерските состаноци на алијансата. Во Брисел замина министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во чија агенда се и неколку билатерални средби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од ул 27 Белимбегово (општина Илинден)
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од дел од улица 2 во село Кадино, кон Црквата СВ.Илија (општина Илинден)
· во периодот од 11.00 до 14.00 часот дел од корисниците на ул.Љубљанска (општина Карпош)
Македонија
Непречен сообраќај по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 22 часот вчера, патниот сообраќај на стариот регионален пат Р-1101 Прилеп – Битола е пуштен во двата правци. Претходно беше во прекиин поради сообраќајна несреќа, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Фото) Втора вечер на Новогодишниот базар во Чаир
Вчера се одржа втората вечер на Новогодишниот базар во Чаир, на Плоштад Скендербег, продолжувајќи ја празничната атмосфера што го одбележува овој настан. Плоштадот беше исполнет со бројни граѓани кои уживаа во декоративните светилки, празничните штандови и новогодишниот дух, велат од општина Чаир.

Вечерта започна со детска музичка програма, со песни и празнични настапи за најмладите, по што атмосферата продолжи со музика од DJ Едмир, создавајќи жив и пријатен амбиент за сите генерации.

Новогодишниот базар во Чаир продолжува и во наредните вечери, носејќи дополнителни содржини и празнична живост во пресрет на новата година.





