Македонија
Столтенберг: Пофалби за Македонија, зелено светло и за БиХ во НАТО

Македонија доби пофалби за напредокот со имплементацијата на договорот за името, а БиХ зелено светло за активирање на Акциониот план за членство (МАП), на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Брисел.
Програмата МАП предвидува советување, помош и практична поддршка за приспособување на индивидуалните потреби на земјите што сакаат да му се приклучат на НАТО.
На почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, се осврна на состојбата во Западен Балкан. Тој рече дека стабилноста и сигурноста на Западен Балкан е од големо значење за НАТО.
„Западен Балкан е од клучно значење за НАТО и ние имаме силни врски со сите земји во регионот. Го поздравуваме напредокот постигнат во Скопје со имплементацијата на договорот за името. Се радувам дека ќе ги дочекаме како 30-та членка на НАТО кога ќе бидат завршени процедурите во земјата. Босна и Херцеговина е ценет партнер во мисиите на НАТО и ние целосно ја поддржуваме нејзината евро-атлантска интеграција. Србија останува ценет партнер, НАТО ги поддржува преговорите што под закрила на ЕУ се водат меѓу Белград и Приштина. Тоа е круцијално за регионалниот мир и сигурност“, изјави Столтенберг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Улици во Чаир без вода, намален притисок во Топанско Поле

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради поврзување на нова со стара постоечка водоводна мрежа на улица Кемал Сејфула бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Џон Кенеди и дел од улицата Кемал Сејфула, а со намален притисок ќе остане населбата Топанско Поле во општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Делови од Ѓорче Петров и Чучер Сандево денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 13:00 часот, објектите на Полициската Станица и базата на БППЗ во Ѓорче Петров, општина Ѓорче Петров;
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од нас. Кисела Јабука, општина Ѓорче Петров;
· од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од селата: Побожје, Бродец, Танушевци, Брест и Малино, општина Чучер Сандево;
· од 11:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Кадињача, општина Ѓорче Петров.