Македонија
Стојаноска во одбрана на Јанушев од Џафери: Збесна!

Пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, на денешната седница за пратенички прашања посочи дека со вчерашниот говор претседателот на Собранието, Талат Џафери, покажал голем кукавичлук.
„Џафери вчера беше збеснат, го разбирам инстинктот кога ќе ви чепнат член на семејство, но генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, зборуваше за полнолетен член. Џафери на Јанушев му врати со тоа што му ги спомна малолетните членови на семејството, што е низок удар и со тоа покажа кукавичлук“, рече Стојаноска.
На вчерашната седница пратеникот Јанушев од собраниската говорница читаше вести, меѓу кои беше и тоа дека синот на собранискиот спикер, без правосуден, се запишал на Академијата за обвинители. На ова реагира Џафери по што дојде до караница и меѓусебни навреди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„За студентите по 250 евра за електронски уред, за пензионерите зголемување 2000 денари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ се грижи за зголемување на животниот стандард на сите граѓани. Собранието донесе закони со кои се подобрува животниот стандард на студентите и пензионерите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Студентите ќе добијат по 250 евра или 15.300 денари за електронски уред. Секој студент запишан во учебната 2025/2026 година, на државните или приватните универзитети, ќе добие 250 евра ваучер за купување на електронски уреди. Оваа мерка ќе опфати над 55 илјади студенти, 55 илјади електронски парчиња коишто ќе бидат наменети за студентите.
За разлика од минатите влади на СДС и ДУИ кои ги заборавија пензионерите, Владата на ВМРО-ДПМНЕ превзема конкретни чекори. Владата на ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите категории на граѓани со цел поквалитетен живот и зголемување на стандардот.
Зголемување на пензиите за сите пензионери за 2.000 денари. Ова зголемување заедно со претходното од 5 000 денари значи вкупно зголемување од 7 000 денари по пензионер месечно. Грижата за пензионерите останува еден од клучните приоритети во социјалната политика.
Подобрување на квалитетот на животот на граѓаните преку конкретни мерки е стратешка цел на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Преку повисоки плати, пензии и поддршка на ранливите категории до поголема економска сигурност на граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Мицкоски: СДС се сведе на застапник на бугарската пропаганда во Македонија и е рака за спас на ДУИ и Ахмети на следните избори

Наспроти нашите напори и борби имаме опозиција која боледува од вирусот на безидејноста, која не извлече ниту една лекција зошто се таму каде што се и во таква една ситуација толку се слаби што во овој момент некогаш големата СДСМ се сведе да биде застапник на одредени бугарски интереси и да е нивна продолжена рака, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски на синоќешната трибина насловена како „Образование и социјална политика, ги градиме темелите на промените“ која се одржа во Кичево, а во организација на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски се осврна на уште еден момент кога станува збор за опозицијата.
„И втората работа, да се борат на овие избори не со тоа тие каков концепт ќе понудат, туку да работат по секоја цена ДУИ да има добар резултат за да ја спасат кариерата на Ахмети. И за овие две работи кои ги тврдам има и конкретни чекори кои ги преземаат“, посочи Мицкоски.
Мицкоски укажа дека тие најгласно зборуваат за уставните измени и спроведуваат пропаганда на Бугарија во Македонија.
„Видете кој најгласно во Македонија зборува за уставни измени, чии полуги слугуваат на оние пропагандни и пред се лажни текстови каде бројат измислени пасоши за македонски политичари. Без задршка, без ограда излегува Филипче и зборува дека ќе вметнел Бугари во Устав“, кажа Мицкоски.
Мицкоски додаде дека му е јасно зошто ја отфрлиле секоја подадена рака од негова страна за државно единство за националните прашања.
„Затоа што во СДСМ политичарите се на дугме. И тоа го прават притиснати од својата безидејност. И затоа толку на ниско ниво ја водат политиката. Нема несреќа која не ја злоупотребија и судбина која не ја искористија. Нема пожар за кој не направија прес-конференција па дури и тогаш кога мистериозно е подметнат. Тие се водат од тоа колку полошо за народот толку подобро за СДС. Значи вниманието кон себе не го вртат со работа или труд, туку со поделби, со омраза и слугување. И затоа тие кога знаат дека не се конкурентни со работа, идеи и концепти, нивната задача е ДУИ да го помогнат на овие избори“, укажа Мицкоски заклучувајќи „затоа станаа нивен изведувач во политиката, за да спасат кариери, но така спасуваат и бизниси кои си ги почнаа додека беа на власт. Затоа народот не им верува и затоа немаат доверба, неодговорно е таквото однесување кон самите себе но и кон нашата татковина“.
Македонија
Герасимовски: Во тек е реновирање на градинката „13 Ноември“, подобрени условите во сите градинки

Општина Центар информира дека во матичниот објект на ЈОУДГ „13 Ноември“ во тек е реновирање на „Новиот дел“ кој ги опфаќа просторот јасли и долниот кат. Во моментов, се врши молерисување на ѕидовите, а веќе е завршено стругањето и лакирањето на паркетот во занималните и ходниците.
„Молерисувањето ги опфаќа и скалите, влезот, канцелариите, тријажниот простор и чајната кујна. По завршување на оваа фаза, ќе продолжи стругањето и лакирањето и на „стариот дел“ од објектот, каде молерисувањето беше изведено во претходната година. Условите во градинките мора да бидат одраз на грижата што ја имаме кон најмладите. Затоа, вложуваме континуирано во безбедна, функционална и топла средина каде што децата растат среќни, а вработените имаат подобри услови за работа”, потенцира градоначалникот Горан Герасимовски.
Дополнително, реализирана е набавка на нов мебел за занималните во Матичниот објект, како и набавка на три нови клима-уреди кои ќе бидат монтирани во просториите каде што е најнеопходно.
Во главната кујна на Матичниот објект инсталирана е нова конвекциска печка (со шест нивоа), со што се овозможува побрза и поефикасна подготовка на храна, известува Општината.
Герасимовски, истакнува и дека со цел да се поддржи воспитно-образовниот процес, набавени се наставно-образовни и дидактички материјали според Монтесори програмата, како и игровен материјал за децата од групата јасли.
Овие активности се дел од посветеноста на Општина Центар за континуирано унапредување на условите во детските градинки, се додава во соопштението на Општината.