Македонија
Стојаноска: Итно да се разреши Судскиот совет и одговорност од Владата
ВМРО-ДПМНЕ со години алармира за партизацијата која ја врши власта на СДС и ДУИ во правосудството. Метастазирани се Судскиот совет, судовите, обвинителствата, изјави пратеничката од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.
„Посочивме дека ставање на партиски активисти и функционери на чело на Судскиот совет е пракса која ќе ѝ се удри од глава на владата. Бевме игнорирани, затоа што очигледно планот им бил целосно да го партизираат правосудниот апарат. Сега, откако и нашите меѓународни партнери алармираа за состојбите во судството, власта не знае како да излезе од ситуацијата во која самата влезе.
По циркусот во Судскиот совет, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање за ставање на точка на деневен ред во Собранието, под име – Информација за состојбите во Судскиот совет. Информацијата ја имаме доставено во собраниската архива на 3 мај. Изгласана е како 35-та точка на дневниот ред на 115-та пленарна седница, која започна на 10 мај и досега се имаат одржано 11 нејзини продолженија. Од отварање на оваа точка сѐ уште нема абер.
По поднесување на оваа точка, имаше редица скандалозни обвинувања од страна на членови на судскиот совет, обвинители, судии, за партизираноста на советот, но и партизацијата која тој ја спроведува“ рече Стојаноска.
Таа додаде дека партизираност гледаат и во ЈО, каде шеф за гонење на организиран криминал е Ислам Абази, човек кој целата јавност можеше да види дека бил во често друштво со луѓе од врвот на ДУИ, иако пред да излезат фотографиите истите тврдеа дека не го познаваат.
„Судските решенија на оваа власт се и Кацарска, која како награда за нејзиното подаништво доби место во Уставен суд, Јовевски и низа други извршители, кои куцаа обвиненија и штанцаа пресуди, како да се пресликани од соопштенијата на СДС. За нефункционалноста на судството алармираа и меѓународните партнери. Но, пред сѐ, треба да се каже дека за истата има само еден виновник, и тој има име и презиме: СДС и ДУИ“ рече Стојаноска.
Таа најпрво побара да се стави точката за Информација за состојбата во Судскиот совет на дневен ред, уште на првата наредна седница, оставка од Судскиот совет во целост, а потоа и одговорност од Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

