Македонија
Стојаноска: Јавното обвинителство да реагира, ова веќе ги преминува сите граници
„Вчера бевме сведоци на уште едно самоволие и насилство на владејачкото мнозинство во Собранието. Вчера, на Комисијата за европски прашања, пратеникот и претседател на Комисијата, Арбер Адеми, дивееше, кршеше инвентар и фрлаше предмети врз пратеници. Очигледно нервозата во ДУИ и СДСМ расте и ја губат контролата. Несанкционирањето на примитивизмот на Талат Џафери, кој пцуеше службеници во Собранието и заклучуваше пратеници во пленарна сала, е причина таквото недемократско поведение да продолжи да се манифестира од други членови од мнозинството“.
Вака денеска во Собранието пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, ја почна прес-конференцијата иницирана по синоќешните настани во законодавниот дом.
„Арбер Адеми се обиде да заклучи дневен ред иако имаше пријавено пратеници, кои сакаа да го надополнат. Тој ги оневозможи пратениците Снопче, Азири, Стојановска, Милошоски, Петрушевски да го искористат деловничкото право да предложат други точки пред тој да биде усвоен. Кога беше спречен од колегите пратеници, тој се изгуби тотално, почна да навредува, да влече и удира, да уништува инвертар, па дури и намерно да фрла цврсти предмети, од кои еден го погоди колегата Азири директно во главата“, рече Стојаноска.
Таа смета дека „ова веќе ги преминува сите граници, ова веќе е класичен пример за кривично дело“.
„Повикуваме Јавното обвинителство да реагира, а во исто време бараме да му се симне имунитетот на пратеникот Арбер Адеми и да одговара за насилството во законодавниот дом. Очекуваме и пратениците од коалицијата на СДСМ и Димитар Ковачевски да излезат од скутот на ДУИ и еднаш барем да се охрабрат и да санкционираат вакво однесување бидејќи гледаме дека кога едно самоволие и насилство не се санкционира, тогаш уште поголемо се повторува“, рече пратеничката од опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

