Македонија
Стојаноски: Владата да ја објави листата на прехранбени производи и јавноста да знае кои ќе добијат повисока цена
Граѓаните живеат сè посиромашно и потешко, а главните виновници СДС и ДУИ тоа воопшто не ги интересира. Во Македонија со оваа власт повеќе нема перспектива и нема иднина ниту за младите ниту за повозрасните, истакна Бојан Стојаноски, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
„На денешната пленарна седница, Владата, предводена од СДС и ДУИ, предлага измени на Законот за додадената вредност, со што веднаш по неговото стапување во сила над 4.000 прехранбени производи ќе поскапат минимум 5 или 13 %. Токму поради оваа таканаречена даночна реформа на власта, инфлацијата во Македонија уште повеќе ќе расте, а квалитетот на животот на граѓаните ќе биде уште полош. За апсурдот да биде уште поголем, оваа Влада веќе извесен период ја крие и избегнува да ја објави листата на производи што ќе бидат опфатени со оваа даночна реформа“, рече Стојаноски.
Потсети дека таканаречената транспарентна Влада предводена од СДС и ДУИ уште во декември минатата година објави дека ја подготвува оваа листа на производи, но таа никогаш не го виде светлото на денот.
„Дури и денес, кога мнозинството треба да ги гласа овие измени, листата сè уште ја нема. Значи, пратениците од мнозинството ќе гласаат за зголемување на даноците, без притоа да ја видат листата на производи. Срамно и неодговорно. Во изминатиот период пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нудеа мерки и поднесуваа амандмани со кои ќе се замрзнеа цените на производите во маркетите, со што ќе се намалеше ДДВ-то на електричната енергија и на огревното дрво за домаќинствата, но и тоа, Владата на СДС и ДУИ, без око да им трепне, го одбиваше.
Ја повикуваме и бараме од Владата, конечно, да ја објави листата на прехранбени производи сè со цел ние пратениците, а и целата македонска јавност, да види и да знае кои основни прехранбени производи ќе добијат покачена и повисока цена“.
Бараме транспарентност и отчетност кон граѓаните бидејќи токму тие се жртвите на деструктивната и катастрофална економска политика на оваа власт предводена од СДС и ДУИ“, порача Стојаноски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Можни се излевања на Крива Река по нејзиниот слив, ако продолжи водостојот да расте, предупреди ЦУК
Центарот за управување со кризи информира дека од УХМР известуваат дека водостојот на Крива Река на хидролошката станица во Крива Паланка е значително висок. Ако продолжи водостојот да расте можни се излевања на Крива Река по нејзиниот слив.
Од УХМР предупредуваат за внимателност при движење покрај сливот на Крива Река.
Истовремено, ЦУК, потсетува за голема внимателност при појавата на локалните нагли метео промени и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења: да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Инаку, според днената хидролошка информација и очекуваната тенденција за водостојот на реките и езерата на УХМР, нивото на водостоите е во покачување, додаваат од ЦУК.
Македонија
Одрон на патниот правец Гостивар-Маврово
Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за одрон на патниот правец Гостивар-Маврово кај Каменоломот.
За настанатата состојба од ЦУК се известени ЈП за одржување на магистрални и регионални патни правци, а и Сообраќајна полиција коишто ќе пратат екипи се со цел нормализирање на сообраќајот, извести Центарот за управување со кризи.
Македонија
Силјановска-Давкова: Еден претседател треба да обединува и да трага по единство
Гордана Силјановска-Давкова преку социјалните мрежи се заблагодари за поддршката и кажа дека за неа ова претставува голема чест и одговорност.
„Ви тврдам и ви ветувам дека од овој момент овде јас ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани. Еден претседател, особено ако е жена, треба да обединува и да трага по единство. Се обврзувам на такво единство бидејќи секогаш ќе бидам со вас и за вас“, напиша Силјановска-Давкова