Македонија
Стојаноски: Заемот од Унгарија ќе биде искористен за инфраструктурни проекти во општините од 250 милиони евра и 250 милиони евра за евтини кредити кон стопанството

„Очекував да се пријави за збор Венко Филипче бидејќи тој ја држеше прес-конференцијата и да ги каже сите детали кои што ги соопшти на прес-конференцијата но никогаш не дошол да дискутира во Собранието и тоа бегање приличи на вашето однесување. Останува да се демантираат неколку теми и да се објасни која е реалната суштина за која овој заем ќе служи. Економијата е една од клучните теми за која СДС беше катастрофално поразена. Транспарентно е донесен бидејќи е усвоен на влада и сега ќе се усвои во собранието“, кажа Бојан Стојаноски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на седницата за законското решение за заемот од Унгарија.
Најави дека овој заем доминантно, како што рече, ќе биде искористен за две цели.
„Прво за финансирање на инфраструктурни проекти во општините во износ од 250 милиони евра а второ за финансирање на кредити на евтини кредити кон стопанството од 250 милиони евра.
Стојаноски потенцира дека општините ќе добијат 250 милиони евра за инфраструктурни проекти.
„За финансирање на инфраструктурни проекти по она што го соопшти министерот за Локална самоуправа, 80 општини за 357 апликативни формулари имаат поднесено за финансирање на проекти. Тоа значи дека за 6 дена ќе заврши процесот на евалуација на тие проекти и тие проекти кои што ќе бидат избрани со ресорните министерства во договор со општините таквите средства веднаш ќе бидат префрлени на наменски сметки во општините“ истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска Давкова објави дека се фотографираше со Доналд и Меланија Трамп

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на својот Фејсбук-профил објави дека ѝ претставувало чест да присуствува на приемот што го приредија претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и неговата сопруга Меланија Трамп, по повод 80. Генерално собрание на Обединетите нации.
Во објавата таа истакна дека во овие турбулентни времиња е важно да не се отстапува од демократските вредности и да се работи заеднички на зачувување на глобалниот мир и безбедност, додавајќи дека САД остануваат искрен сојузник на Македонија.
„Благодарност за гостопримството!“, напиша Сиљановска Давкова.
Македонија
Филипче: Ѓубрето во Скопје е исклучиво одговорност на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Сoцијалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во одговор на новинарски прашања поврзани со најновите анкети кои се појавија во јавноста, а кои наводно укажуваат на слаб резултат на СДСМ, остро ги отфрли ваквите наративи, оценувајќи ги како намерен обид да се искриви реалната слика во општеството.
„Прво, анкетите сметам дека се обид да се искриви вистинската слика во секојдневниот живот и реалноста, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ според наши анализи губи огромен број на гласови. Сакаат да створат некаква перцепција дека се победници, меѓутоа вистината е дека граѓаните воопшто не се задоволни од начинот како тие ги раководат општините“, рече Филипче.
Во одговорот, Филипче посочи дека токму локалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ во изминативе четири години е најсилниот аргумент против нив, особено во главниот град.
„Еве, 90% од општините во Скопје, вклучувајќи и градот Скопје, се раководени од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 4 години. Па гледајте во каков град, какви општини живееме. Така што сметам дека е тоа само еден таков обид“, рече Филипче.
На новинарско прашање за хаосот со ѓубрето, запуштените улици и урбаната запоставеност на градот, Филипче директно ја посочи одговорноста кон ВМРО ДПМНЕ.
„Исклучиво и ексклузивно вината е во ВМРО-ДПМНЕ, во блокадите на Советот во Град Скопје, во рамките на раководењето на нивните општини. Еве, видете како е несредено, неискосено, неисчистено и во Аеродром, и во Кисела Вода. И сега тие луѓе повторно претендираат да бидат градоначалници“, рече Филипче.
Тој додаде дека оваа очајна слика е резултат на неработење и неодговорност на ВМРО ДПМНЕ, а дека пуштањето на анкети со однапред нарачани резултати е обид за одбрана од вистината.
„И во една таква ситуација, кога луѓето се свесни дека тие луѓе немале никаков перформанс, и сега се повторно кандидати, сè што можат во овој предизборен период е да пуштат такви лажни анкети“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Македонија
Пожарите стивнаа, остана само еден активен

На територијата на државата денеска до 18:00 часот има два пожари на отворен простор, од кои еден пожар е активен и еден е изгаснат, информираат до ЦУК.
Активен е пожарот во Општина Демир Капија, кај м.в. Јаворица каде гори нискостеблеста деградирана шума.
Изгаснат е пожарот во село Дедели, во Општина Валандово, каде гореше депонија.