Македонија
Стојаноски: Замрзнувањето на цените нема никаков ефект, власта да објасни како да се преживее со 25.000 денари
Економскиот тим на Владата е тотално безидеен. Најголемо достигнување им е сликање во маркети, а реални проекти нема ниту еден, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
„Долгонајавуваните мерки, кои требаше да им го олеснат животот на граѓаните, немаат никаков ефект. Замрзнувањето на цените, кои толку гордо ги најавуваше и ги промовира целата Влада шетајќи се во маркетите додека народот нема средства да преживее, немаат ама баш никаков ефект во целост. Индексот на трошоци на животот и индексот на цените на мало во март во однос на претходниот месец изнесува 99,9, а во февруари бил 100,4. Инфлацијата во март е 14,7 %. Ништо не влијаело во нејзиното регулирање, а воедно е и една од најголемите. Има ли поголем показател од ова дека ништо не се променило во март?“, прашува тој.
Дополнително, како што оценува, потрошувачката кошница во март за едно семејство, на најминималните можни трошоци, изнесувала 50.070 денари, од кои 19.263 за храна, 13.417 за режиски трошоци и сметки и за превоз и хигиена 6.865. И ова е далеку над заработката на едно просечно македонско семејство, каде што работат двајцата родители за да може да преживеат со своите деца.
„Во овие 50.070 денари не се вметнати кредитите што ги имаат семејствата и ги отплаќаат воедно, потребите на децата доколку се на училиште или факултет, како и другите непланирани трошоци што се појавуваат во секое семејство. Еве, Битиќи или Ковачевски нека објаснат како едно просечно семејство, во кое двајца родители заработуваат по 25.000 денари месечно во просек и одгледуваат две деца, може да го поминат месецот? Или уште подобро, како да преживеат пензионерите што земаат во просек 18.000 денари пензија?“, додава Стојаноски.
Нека објаснат, додава тој, како семејствата да ги наполнат своите трпези и да ги поминат претстојните празници, како Велигден и Бајрам? И со кои пари?
Очигледно, додава Стојаноски, сè што прават Ковачевски, Битиќи и Бектеши е само медиумски популизам за кој граѓаните се свесни дека нема никаква врска со реалноста.
„Наместо популизам, оваа Влада треба да признае дека ги донесе граѓаните на работ на сиромаштија, додека секојдневно гледаме дека се излеваат милиони од државната каса кон сомнителни и блиски луѓе до власта, на сомнителен начин и сомнителни тендери“, потенцира пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

