Македонија
Стојаноски: СДС претставува дефиниција за машина што произведува мизерија и единствено што ѝ остави на државата е долг на идните поколенија
„Водите опозициони политики исто како што водевте политики кога бевте на власт. Со лажење и манипулирање, но заборавате една важна работа а тоа е дека на лагата и се кратки нозете. Не сум загрижен за тоа што вие како партија го правите, бидејќи мора нешто да направите соочени сте прво со историски пораз, а потоа со неуспеси во вашите политики“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на денешната Комисија за финансии и буџет, на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година.
Стојаноски јасно истакна дека СДС мора да научат да се насочат кон реал политика и да не шират дезинформации. Дополнително додаде дека бедна е нивната намера да се обидуваат да го манипулираат народот со лаги кои постојано им се рушат.
„Но мене она што ми пречи е што тие лаги кои ги кажувате имаат последици во општеството. Политичарите треба да се научат дека кога креираат политика и кога се во политички партии треба да бидат сериозни и не треба да креираат политики коишто се базираат на лаги“ , додаде Стојаноски.
Стојаноски посочи дека СДС единствено што остави е долг на идни поколенија исто така јасно даде до знаење дека СДС нема кредибилитет да нуди политики. Затоа што СДС претставува дефиниција за машина која произведува мизерија.
„Знаете кој ќе враќа три поколенија пари? Ќе ги враќа Владата на ВМРО-ДПМНЕ, тие коишто ги зема СДС, коишто ги испокраде.
Политика се води кога е човек е сериозен, економија се креира без вакви евтини лаги коишто треба да купат одреден ден или да тераме политика купи-ден продај. За ваше добро е да бидете посериозни кога ги општите овие работи во јавност затоа што е смешно. Во иднина посериозно гледајте на овие суштински работи“, дециден беше Стојаноски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено во Берово и Крива Паланка
Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, -5 било во Крива Паланка, -4 во Скопје – Петровец и Демир Капија, -3 во Гевгелија, Прилеп и Тетово, -2 во Охрид, Виница и Крушево.
Времето денеска
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од западните делови ќе има врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, особено на планините каде што ќе се зголеми снежната покривка.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
Македонија
„Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!“, прашува СДСМ
„Мицкоски вчера јавно изјави дека кога лета со владиниот авион, наводно се плаши за својот живот и дека „се моли на Бога да останат живи“ кога лета. Ако тоа е вистина, тогаш се поставува суштинско прашање: Како можел тогаш во таков авион да го стави своето семејство и да ги ризикува нивните животи заради приватен одмор?“, прашува СДСМ
„Освен што злоупотребил државни ресурси за приватни потреби, го ставил ли и семејството во ризик?
Ако навистина смета дека авионот е ризичен, тогаш постојат редовни комерцијални линии со економска класа. Не бизнис класа со карти од 4.000 евра, може да патува со економска класа, затоа што нашата економија не е за бизнис класа.
Наместо утре граѓаните да му бидат криви, бидејќи тие го плаќаат овој авион. Прво Мицкоски нѐ расплака со тажната приказна, сега нѐ загрижи. Се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!
Ако толку неодговорно се однесува кон сопственото семејство, како ли се однесува кога е во прашање државата?“, се додава во соопштението на СДСМ.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

