Македонија
Стратегијата за развој на правосудниот систем е патоказ за враќање на довербата на граѓаните во судството
Министерот за правда Кренар Лога и претседателот на работната група Академик Владо Камбовски ја презентираа развојната Стратегија за правосудството која беше усвоена на последната владина седница а со која се предвидени суштински реформи.
,,Ова е стратешки документ кој се донесува заради утврдување, планирање и спроведување на политиките за натамошен развој на првосудниот систем. Покрај прашањата поврзани со судството, стратегијата предвидува и низа мерки во други области кои се значајни за извршување на функциите на правосудниот систем и ефикасно остварување на правата на физичките и правните лица пред правосудните органи. Основната цел е да се почитува начелото на владеење на правото и да се врати довербата на граѓаните”, рече министерот за правда Кренар Лога.
Претседателот на работната група, академик Владо Камбовски посочи дека се наоѓаме во време кога пред нас е започнување на преговори со ЕУ, а без напредок на тој кластер не може да се водат преговори. Како главен ризик фактор за спроведување на Стратегијата ја посочи политиката.
Беше оценето дека иднината на нашата држава зависи од развојот на судството.
Стратегијата, како што истакнаа, во целост е усогласена со препораките на Оценската мисија за Судскиот совет.
Во неа се предвидени активности за зајакнување на изборот, дисциплинската постапка и разрешувањето на судиите и јавните обвинители.
Се зголемува транспарентноста на двата совети со одржување јавни седници кои ќе имаат директен пренос.
Предвидени се реформи и во изборот, одговорноста и разрешувањето на претседател и членови на Судскиот совет.
Измена на Законот за Судски совет во поглед на постапката за избор на членови од редот на судии со предвидување цензус.
Измена на Законот за Совет на јавни обвинители, измена на Закон за судови и Закон за јавно обвинителство, прецизирање на постапката за избор на јавен обвинител на ОЈОГОКК.
За зајакнување на капацитетите посочени се низа активности за Врховниот суд, јавните обвинителства и судовите. Целосно функционални АКМИС систем и систем за управување со предмети во јавни обвинителства, реформи на Уставниот суд, адвокатура, нотаријат, медијација и извршување.
Унапредување на институционалната рамка за вршење на адвокатската дејност, зголемување на ефикасноста, дигитализацијата и одговорноста на извршителите.
Стратегијата според надлежните беше дадена на мислење на Европската Комисија, кое беше доставено до Министертсвото за правда на 27.11.2023 година.
Во однос на законодавната агенда предвидени се донесување на законската рамка за кривична и граѓанска материја. – нов Кривичен законик, Закон за кривична постапка, Граѓански законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

