Македонија
Страшно е што Северна Македонија не може да ги почне преговорите поради Бугарија, тие треба да почнат веднаш, порачува Сијарто

ЕУ има потреба од Западен Балкан. ЕУ треба да признае дека местото на Западен Балкан е таму и проширувањето на Унијата треба да почне веднаш и вистинските преговори со Северна Македонија треба да почнат веднаш, изјави министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој е во посета на државата.
Предупредува дека уште постојат некои земји членки што го забавуваат овој процес и поставуваат пречки.
„За нас, ова е страшно, страшно е што Бугарија го блокира писмото што требаше да ѝ се испрати на Северна Македонија пред неколку недели.
Таа е кандидат веќе 18 години и да не може да ги почне преговорите е одвратно, тоа покажува непочитување на земјата“, потенцира Сијарто.
„Кога ќе го преземеме претседателството со ЕУ, ќе ги превртиме сите камења за да бидеме сигурни дека пристапувањето на Северна Македонија и на целиот Западен Балкан ќе се случи што е можно побргу“, прецизира шефот на дипломатијата на Унгарија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Петровец без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН Македонија, ги информира граѓаните дека на ден 13.09.2025 година (сабота) ќе има прекин во напојувањето со електрична енергија.
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе останат корисниците на ул. 5 во село Огњанци (потег од основното училиште до маркет „Перо“), во општина Петровец.
Македонија
Денес топло време, од утре нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Под влијание на циклонска активност во недела попладне, во текот на ноќта и во понеделник претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 25 l/m²) и засилен ветер. Во понеделник ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h). Во деновите потоа ќе има стабилизирање на времето.
Македонија
Дел од Центар денес без вода поради дефект на водоводната мрежа

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, ги информира граѓаните дека на ден 13 септември 2025 година (сабота) ќе има прекин во водоснабдувањето во делови од Центар.
Поради уличен дефект на цевка со пречник Ф-275 мм на бул. „11 Октомври“ бб, кај Зелениот пазар, без вода ќе останат корисниците на потегот од Собранието до бул. „Кочо Рацин“, како и дел од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Прекинот ќе започне во 8 часот и ќе трае сè до санирање на дефектот, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.