Македонија
Струјата во модуларната болница ја спровеле две неквалификувани лица од тетовската болница, според Шаќири
Денеска во Основниот суд Тетово траеше главната расправа во судскиот процес за обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми како и правното лице ЈЗУ Клиничка болница за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, за пожарот во модуларната болница во која животите ги загубија 14 лица.
Сослушани беа вешти лица кои во текот на истрагата изработиле вештачења.
Според првоовластениот судски вештак по електротехника Ирфан Шаќири кој пред судот образложи дека по наредба на Јавно Обвинителство извршил вешт наод за можните индиции за појава на пожарот во објектот, целокупната постапка за доведување на електрична енергија од трафостаница до модифицираниот објект наречен модуларна болница бил направен од две неквалификувани лица, вработени во Клиничка болница.
„Високата температура довела до согорување на изолацијата од кабелот и создавање на пламен, посочи Рубин Бошковски од Министерството за внатрешени работи кој извршил форензичко испитување.
Според него при вештиот наод утврдиле настанување на механичко оштетување на продолжителниот кабел поради нагмечувања или превиткување, на кој бил приклучен дефибрилатор.
Кажа и дека не биле евидентирани противпожарни апарати во самата болница.
Сведочеа и професори од Технолошко-металуршкиот факултет кои ги испитувале материјалите од кои е составена модуларната болница.
„Материјалите за изработка на префабрикуваниот контејнер ги задоволуваат барањата според спецификацијата на Министерството за здравство и истите се анализирани според процедури за соодветни својства за што гарантирам, кажа професорката Анита Грозданова.
Одбраната по сослушувањето на вештите лица побара да се сослушаат и вештите лица од Германија кои имаат изработен извештај. Судијата Реџеп Муса оцени дека според насоките на повисокиот Апелациски суд предлогот на одбраната се одбива.
„Постојат доволно докази за околности на настанот, посочи судијата.
Поради истекување на работното време, тој ја прекина главната расправа и истата ја закажа за 8 април кога се предвидува да се читаат писмените докази од одбраната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

