Македонија
Студентите од техничките факултети може да се пријават на Летна ембедед школа
Во тек се уписите за Летната ембедед школа организирана од страна на софтверската компанија „Сеавус“, во соработка со ST Microelectronics. Традиционално, петти пат, Школата нуди можност за пракса на студентите од техничките факултети.
Во текот на летната школа студентите ќе имаат можност да работат со експертите од „Сеавус“ од областа на вгнездени системи и да добијат уникатни вештини за изработка на врвни решенија од таа област. При изведување на оваа пракса ќе се користат напредни развојни околини од ST Microelectronics, на кои студентите ќе ги изработуваат своите практични задачи и проекти.
Со учеството во Летната школа студентите ќе имаат можност да се стекнат со следниве вештини:
– креирање проекти со користење System Workbench софтверската развојна околина;
– нагодување и користење околина за дебагирање програми што се извршуваат на електронска развојна околина;
– изработка на апликации и системски решенија за вгнездени системи за разновидни функционалности;
– Користење разновидни сензори, надворешни мемории и картички, комуникација со компјутер, надворешни ЛЦД-компоненти и слични уреди.
Повикот е отворен за сите студенти од втора, трета и четврта студиска година. За да може да аплицираат, студентите треба да ги имаат проследено курсевите или предавањата за изработка на софтверски алгоритами, програмски јазик С (основно ниво на познавање) и електротехника.
Предност за учество во Летната школа ќе имаат кандидатите од повисоките студиски години од следниве факултети: ФЕИТ, ФИНКИ, ФИКТ и SEEU. Бројот на учесници е ограничен, а пријавените кандидати ќе поминат низ процес на селекција.
Пријавете го вашето учество најдоцна до 28 јуни на следниот линк: https://career.seavus.com/job-opportunities/job/seavus-embedded-summer-school
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Богати празници со „Лото 7“: 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон
Празниците се време за среќа, а во декември, месецот на желби и надежи, треба да се сонуваат големи соништа. Играта на среќа „Лото 7“, е најдостапната дестинација за сонување и носи многу можности за изненадување.
Сите оние на коишто бројот 7 им е среќен број, ги потсетуваме дека од 10 до 31 декември играта на среќа „Лото 7“ дава уште точно 7 можности за 7-ка во 2025 година, преку 7-те кола во коишто ќе се извлекуваат добитните лото бројчиња.
Со предвремената уплата, можете однапред да учествувате во 7 последователни кола и безгрижно да ги прославите празниците, знаејќи дека вашата шанса за добивка е веќе обезбедена. Дозволете му на „Лото 7“ да ве изненади, уплатете навреме и уживајте во празничниот дух исполнет со надеж.
Со симболични 30 денари за една лото комбинација, си подарувате моменти исполнети со мечтаење, возбуда и она незаменливо чувство на исчекување. Секоја ваша лото уплата ви ја отвора вратата кон свет ‒ полн со нови можности и ви ја дава шансата да се запрашате: Што ако токму јас сум следниот добитник на големата седумка?
Тоа е патот по кој поминаа досегашните 28 среќни добитници на седумки од 2010 година до денес. Тие порачуваат дека секогаш треба да се верува во среќата и никогаш да не се изгуби надеж. За седумка досега се славеше во Битола, Куманово, Кичево, Кавадарци, Свети Николе, Тетово, Струмица, Неготино, Кочани, Охрид и во Скопје, а последната и најголема постигната седумка вредна над 1,7 милиони евра, беше освоена во Охрид во 2024 година.
Играта на среќа „Лото 7“ прерасна во традиција, којашто спојува генерации. Во исчекување на 29-тата седумка, потсетуваме дека со секоја уплатена комбинација се дава и придонес кон општествено корисни цели ‒ поддршка на науката, образованието, културата, спортот, животната средина и проекти од јавен интерес. И дека среќата е насекаде, само треба да ја побарате.
ПР
Македонија
Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟢𝟦 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 08.12. до 14.12.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 104 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопшти ПОЦ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ со предлог Резолуција до Собранието: Со ова се става крај на манипулациите на СДС за мигрантите
ВМРО-ДПМНЕ со предлог Резолуција до Собранието на Република Македонија, „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“.
„Со оваа Резолуција се става крај на манипулациите на СДС за мигрантите и организираната и координирана кампања од страна на опозицијата, која влева несигурност и паника меѓу граѓаните.
Лажните сценарија на СДС паѓаат во вода, државата има јасна политика против нелегалната миграција, нема мигрантски кампови има Резолуција која носи стабилност и сигурност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ јавно ги осудува политиките и одлуките на поранешната Влада на Зоран Заев, со која беа отворени можности за создавање на кампови за мигранти, спротивно на националните и државните интереси.
Резолуција е составена од 9 точки, и во неа стои дека се осудуваат дезинформациите за наводно прифаќање мигранти и изградба на кампови, се потврдува дека такви политики не постојат ниту ќе постојат, се поништуваат сите претходни аранжмани на Владата на Заев поврзани со мигрантски кампови и се повикува на одговорен јасен говор, заштита на безбедноста, стабилноста и меѓуетничките односи.
Исто така, се констатира дека свесното ширење дезинформации ќе биде санкционирано согласно важечките закони. Резолуцијата воспоставува јасна државна политика против нелегалната миграција и стапува во сила веднаш.
Ги повикуваме сите политички партии да ја поддржат оваа Резолуција со која се става крај на лагите и конструкциите на СДС“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

