Македонија
Суво и студено време од понеделник, во Скопје и до -15 степени

Од понеделник до средината на неделата времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините и со ниски утрински температури, информира УХМР во последниот извештај.
Температурата насекаде наутро ќе биде негативна и наместа, пред се во Малешевијата, ќе се спушти и под -15 степени.
Во следниот период најстудено ќе биде во понеделник и вторник наутро.
Дневната температура во следните денови постепено ќе се покачи и во среда во најголемиот дел од местата ќе биде над нулата.
Во Скопје на почетокот од работната недела во делови од регионот ќе се спушти и до -15 степени.
Поради многу студеното време, формираната снежна покривка нема да се менува, велат од УХМР:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Продолжувањето на притворот за Бектеши додека вистинските одговорни сè уште се на слобода претставува чист израз на селективна правда и политичка одмазда“, велат од ДУИ

„Продолжувањето на притворот за поранешниот министер Крешник Бектеши, додека вистинските одговорни – оние што биле задолжени за безбедноста на децата– сè уште се на слобода, претставува чист израз на селективна правда и политичка одмазда“, реагира ДУИ.
„Ова не е само двоен правен стандард – туку отворена политичка и партиска дискриминација, која претставува флагрантно кршење на основните принципи на правната држава.
Уште повеќе, иако сведоците и родителите на жртвите јасно ги посочија виновниците и побараа одговорност од Министерството за внатрешни работи, единствено поранешниот министер Бектеши сè уште се држи во изолација – како параван за да останат вистинските виновници на слобода.
Трансакциското обвинителство и актуелната власт продолжуваат брутално да ги газат сите правни, морални и човечки принципи.
Премиерот, откако јавно го заплаши обвинителот дека ќе ги изведе луѓето на улица против него, сега целосно го има потчинето и настапува истовремено и како обвинител и како судија.
Ако улицата е решението – тогаш дојде време сите граѓани да им се придружат на семејствата на жртвите од Кочани и да побараат правда – мирно, но решително, на улица“, се додава во соопштението на ДУИ.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Улици во Чаир без вода, намален притисок во Топанско Поле

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради поврзување на нова со стара постоечка водоводна мрежа на улица Кемал Сејфула бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Џон Кенеди и дел од улицата Кемал Сејфула, а со намален притисок ќе остане населбата Топанско Поле во општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на работните активности.