Македонија
Судењето за белата палата не може да почне додека не се одлучи за СЈО
Ниту едно од двете обвиненија „Талир“ и „Талир 2“ кои ги поднесе специјалното јавно обвинителство на 22 ноември 2018 година до кривичниот суд во Скопје не може да почнат со судење. Половина година никако да почне главната расправа за предметот „Талир“, поради отсуство или на обвинетите или на нивните адвокати, а обвинението за „Талир 2“ половина година не е оценето.
Причина за денешното одлагање на предметот „Талир“ е барањето на адвокатите на обвинетите рочиштето да се одложи поради членот 22 од законот за СЈО кој во моментов се наоѓа пред пратениците во Собранието за негово автентично толкување. Но, Собранието досега не покажа волја да ја стави оваа точка на дневен ред на комисиска расправа, поради новиот предлог-закон за јавното обвинителство кој го регулира статусот на СЈО. Барањето за автентично толкување го поднесе државното јавно обвинителство по барање накривичниот суд кон средината на февруари.
Седницата што требаше да се одржи минатата недела во скопска единица за оценка на обвинението за „Талир 2“ била одложена, а извори за „Макфакс“ потврдија дека следниот обид на судот за оценката на ова обвинение е кон средината на јуни.
Првото обвинение е незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и ги опфаќа екслидерот Никола Груевски, други пет поранешни функционери и самата партија како правно лице.
Второто обвинение ги опфаќа Груевски и поранешниот владин генерален секретар Кирил Божиновски. Тие се обвинети за незаконска изградба на партиското седиште, палатата „Христо Татарчев“, познато како белата палата.
Обвинението за незаконско финансирање покрај самата ВМРО-ДПМНЕ и Груевски ги опфаќа и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Илија Димовски и Леко Ристоски. Елизабета Чингаровска призна вина и доби условна казна затвор.
Истрагата за овој предмет СЈО ја отвори во рокот од 18 месеци, но обвинението е поднесено по истекување на рокот. Првото обвинение за „Талир“ беше оценето на 11 јануари годинава. Во меѓувреме Врховниот суд донесе начелно правно мислење, според кое, СЈО е неовластен тужител за предметите по 30 јуни 2017 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Вo среда ќе има врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта, кога во западните делови ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе бидат претежно од снег. Во западните делови се очекува да се формира нова снежна покривка. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег.
Македонија
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
Денеска, по повод големиот христијански празник Бадник на подрачјето на град Скопје ќе се одржи „Бадникова манифестација“ во склоп на „Бадникови Поворки“ со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул.„Борис Трајковски“, лево по бул.„Македонија“, во продолжение по ул.„Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на ул.„Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат Бадниковите Поворки и околу верските објекти.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, велат од МВР.
Македонија
Бесплатен превоз за сите граѓани до ски центрите кај Нижеполе и кај хотелот „Молика“
Општина Битола и јавното претпријатие „Пелалинк“ и оваa зима за време на зимскиот распуст за учениците, но и за сите граѓани ќе обезбеди бесплатен превоз до ски центрите на Баба Планина.
„На 8 и 9 јануари ( четврток и петок ) бесплатно можете да одите до ски центрите кај Нижеполе и кај хотелот „Молика“ и да уживате во убавините на планината“, велат од Општината.
Линијата број 1 за до Нижеполе тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Спортската сала, а линијата број 2 е за до хотелот „Молика“ и тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Новиот пазар.
Враќањето на двете линии е во 13:00 часот.

