Македонија
Судењето за Рашковски одложено за крајот на ноември
Даниел Станчев, сопственикот на фирмата „Инвока груп“ од која обвинетиот Драги Рашковски го набавил софтверот, на начин кој според Обвинителството е незаконски, не се појави на денешното рочиште за „Софтвери“. Неговиот адвокат, Трајче Китановски, на судијата му предочи лекарска потврда, за која судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска е архивски печат. Издадена е од поликлиника во Шуто Оризари. Според истата, Станчев треба да мирува.
„Лекарска потврда од 7.11.2022 година, кој е упатен на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби. Лекарската е од ПЗУ Интегри Шуто Оризари, со забелешка дека кај пациентот поради природа на болеста е дадена инфузиона терапија, како и табеларна терапија, отворено боледување, треба да мирува“, кажа судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска.
Обвинетиот има боледување за седум дена, што значи дека ќе може да се појави на следното судење, закажано за крајот од месецот.
Првообвинет во предметот „Софтвери“ е Рашковски, кој се гони бидејќи обвинителката Ивана Трајчева тврди дека тој го местел тендерот за да го добие „Инвока груп“ на Станчев, а исто така, набавил софтвер кој е нефункционален. Дополнително, Трајчева докажува дека Рашковски делел хонорари на хонорарци во Влада, а потоа, дел од парите зел за него.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

