Македонија
Судењето за „Титаник 3“ одложено – Ејуп Алими отиде на службено патување во Брисел

Координаторот на ДУИ, Ејуп Аљими, како обвинет во предметот на СЈО, „Титаник 3“, поради службени обврски повторно го одложи судењето за да може навреме да стигне во Брисел. На судискиот совет како доказ им ја прикажа поканата од Форумот „Кран Монтана“ каде што бил поканет.
Тој пред судот рече дека прво е пратеник, па обвинет, откако судијката Љубинка Башевска му го порача дека прво е обвинет, а потоа пратеник, кога Аљими се обидуваше да ги одложи судењата по одморите.
Кога СЈО побара притвор за Аљими, тој гарантира дека ќе биде во земјава и нема да отсуствува од рочиштата.
СЈО го обвини Аљими заедно со сопартиецот Исмет Гури дека влијаеле врз изборните резултати од првиот круг од гласањето во Чаир, за избор на градоначалник во 2013 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Живалево – Туралево

Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран, извести АМСМ.
Од 05:00 часот, поради одрон, сообраќајот на тој патен правец беше во прекин и се одвиваше наизменично, по една коловозна лента.
Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места дожд и снег

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе биде во интервал од 4 до 11 степен.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти со 3, а максималната ќе достигне 7 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка. Поради натамошно спуштање на студен воздух, ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.