Македонија
„Судиите избрани од Зајас и Муртино сè уште им слугуваат на СДС и на ДУИ, реформи мора да има“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Казните кои ги добија екс директорите Флориан Бесими и Артан Етеми, се доказ треба реформи во судството се потребни, веднаш! По 1,5 година казна затвор им беа досудени на Бесими и Етеми, за пожарот во Модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 луѓе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во секоја нормална држава, казнети ќе беа сите оние кои имаат некаков допир со трагедијата, но само кај нас не. Кај нас се штитат главните виновниците, а доколку некој мора да се пушти низ вода, добива по минимална 1,5 година.
Екс директорот Бесими, во својата одбрана истакна дека до него на обвинителна клупа треба да седне Венко Филипче, кој тогаш беше министер за здравство.
Зошто Филипче не е опфатен со истрагата? И зошто е заштитен како бела мечка? Да потсетиме дека тој дозволи градење на овие модуларни болници додека беше министер.
Реформи во судството на СДС и ДУИ, мора да има! Правда и одговорност, граѓаните мора да добијат!“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Андоновска: Сè додека Филипче и Заев владеат во СДС, партијата нема никаква реална шанса да се реформира
СДС нема иднина се додека Филипче е на чело на партијата. Филипче, како продолжена рака на Зоран Заев, продолжува да ја третира партијата како приватен проект, изјави Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
„Изборниот резултат беше само статистичка потврда за ова. На своето конто, СДС брои само 6 општини, 126.000 гласови и околу 230 советници, историски изборен дебакл на СДС, кој за Филипче е успешен резултат за кој му честитаме. Се додека Филипче и Заев владеат во СДС и тоа не се искорени целосно, партијата нема никаква реална шанса да оди напред, ниту пак има шанса да се реформира. По ова се гледа дека обидот на Филипче за реформирање, кој толку долго и широко го најавуваше, не само што е пропаднат, туку не е ни започнат“, рече таа.
Според Андоновска, Филипче треба да си даде оставка од претседател на СДС, затоа што, додава таа, како тој што нагласува некогаш државотворната СДС, целосно ќе ја снема од политичката мапа во земјата, поради неговите политики.
„На македонската политичка сцена и е потребна конструктивна опозиција, ослободена од стегите на Заев и Филипче“, рече Андоновска.
Македонија
Мицкоски за ѓубрето во Скопје: Многу е важен првиот впечаток, за кратко време ги мобилизиравме сите капацитети и почнавме со чистење на градот
„Ние се доведовме до ситуација во 21 век да зборуваме за елементарни работи и навистина сето тоа делува помалку и комично, но кога некои работи треба да се направат, мора да се направат и како што кажа градоначалникот за време на изборната кампања тој вчера во исклучително рекордно време успеа да ги мобилизира сите капацитети. Но, исто така им благодарам и на општествено одговорни компании кои се вклучија во акцијата и мислам дека вчера беше сето тоа убаво и една ваква робусна акција денеска ако ништо друго можевме да видиме дека контејнерите се барем празни и чисти“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
Мицкоски рече дека нечистењето на ѓубрето е политичка стратегија на опозицијата, но дека новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски уште првиот ден ги засукал ракавите и започнал со работа.
„Навистина делува смешно, јас ве разбирам и јас понекогаш можеби би се насмеал за сето ова кое што го зборуваме. Но, за жал се доведовме до една ваква ситуација и оваа беше политичка стратегија на опозицијата, преку неработењето на претходната градоначалничка нанесе штета, пред се на Владата и на државата. И морам да признам дека во одредена мера успеа со сето тоа. Но, ние таа лекција ја научивме и затоа уште во првиот ден ги засукавме ракавите и започнуваме од темелите или од под темелите. Така беше во владата кога дојдовме со долгови, така и во градот. Така што мора да гребеме од под темелите, за да дојдеме до површината и потоа да градиме нагоре. И мислам дека тоа го прави квалитетно уште од самиот почеток новиот градоначалник. Јас сакам само да кажам дека немате во животот втора шанса за прв впечаток. Така што многу е важен првиот впечаток и мислам дека тука новиот градоначалник тоа ќе го оправда“, изјави премиерот Мицкоски.
Македонија
Ристо Пенов ја отвори конститутивната седница на Советот на Град Скопје
Како највозрасен меѓу советниците во Советот на Град Скопје, поранешниот градоначалник на главниот град и член на Либерално-демократската партија, Ристо Пенов, ја имаше честа да претседава со првата седница на новиот состав.
Со искуство, стабилност и визија, Пенов повторно ја потврди заложбата на ЛДП – Скопје да стане модерен, зелен и функционален град за сите, велат од партијата.
„Нашите приоритети за следниот мандат се активностите за почисто и позелено Скопје, воспоставување паметен и одржлив сообраќај, модерен урбан развој на градот и зголемено ниво на транспарентност и соработка меѓу Градот и општините“, изјави Ристо Пенов.
Ристо Пенов влезе во Советот како носител на советничката листа за Град Скопје на коалицијата „Искуство за успех“. Меѓу другите програмски заложби на Пенов се и загарантираниот буџет за велосипедски патеки и инфраструктура, субвенциите за велосипеди за граѓаните кои со нив одат на работа и повторното заживување на Градскиот трговски центар, посочуваат од ЛДП.

