Македонија
Судијката за која Груевски тврдеше дека ќе го ослободи Заев, нема да му суди на премиерот
Судијката Добрила Кацарска за која експремиерот Никола Груевски тврдеше дека ќе го ослободи премиерот Зоран Заев, повеќе не е член на судискиот совет. Ова следува откако Обвинителството го преквалификува делото за Заев.
Сега, поради помалата предвидена казна затвор, случајот го суди судија поединец, Дарко Тодоровски.
Адвокатот на Заев, Филип Медарски, побара снимките набавени со посебни истражни мерки да не бидат доказ бидејќи, како што рече, за ова кривично дело Законот за кривичната постапка не го предвидува тоа. Клучен доказ повеќе нема да бидат посебните истражни мерки, туку изјавата на сведокот Иван Николов и другите материјални докази.
Адвокатот на Заев во завршните зборови рече дека сведокот потпишал три записници и дал три искази, кои се контрадикторни едни со други.
„Сведокот рече дека постапувал по инструкции на Обвинителството: ‘Како ќе ми наредеа, јас така правев’“, го цитира Медарски исказот на сведокот.
Тој дополни дека сведокот во МВР кога го пријавувал случајот се сретнал со Митко Чавков, директор на БЈБ, кого го знаел и претходно, и тоа, како што рече, се сретнале неколкупати. Потсети на исказот на сведокот, во кој тој потврдил дека против сведокот Обвинителството води истрага.
Медарски потсети на изјавата на сведокот, кој рече: „Јас го терав тоа да го каже“. Адвокатот додаде дека целта на предметот е за дискредитација на Заев и за негово оцрнување со цел да не бидат објавени бомбите.
Претходно, Обвинителството побара преквалификација на делото и пониска казна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

