Македонија
Судот не ги даде решенијата за ослободените пратеници од куќен притвор
Основниот суд Скопје 1 одлучи да не му ги даде на „Макфакс“ анонимизираните решенија на кривичниот совет за ослободување од куќен притвор за пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов. Причината поради која судот одлучи да не ги достави бараните решенија е поради тоа во АКМИС-системот немало опција за анонимизација на одлуките.
„Ве известуваме дека не сме во можност да ви ги доставиме бараните решенија во анонимизирана форма, од причина што АКМИС-системот преку кој се врши анонимизација на одлуките нема опција за анонимизирање на одлуките донесени во кривичниот совет“, пишува во одговорот на судот до „Макфакс“ на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Судот одговори дека за судењето на 27 април, за обвинетиот Љубен Арнаудов двапати е поднесен предлог за укинување на мерката притвор со гаранција, за пратеникот Сашо Василевски двапати е побарано да се укине притворот со гаранција, а за обвинетиот Крсто Мукоски трипати е поднесен предлог за ослободување со гаранција.
Апелациониот суд донесе одлука со која на обвинетиот Јане Ченто му го одби барањето за со гаранција да излезе од притвор. Претходно кривичниот совет на скопска единица ја прифати гаранцијата на Митко Чавков, кој излезе со гаранција во имот од над 600 илјади евра, а од притвор со гаранција излегоа и личното обезбедување на Трајко Велјаноски, Горан Ѓошевски Леви, и на ексначалникот во МВР, Оливер Поповски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

