Македонија
Судска медицина: Доколку Тот немал повреда на ‘рбетниот мозок, би имал многу поголеми шанси да преживее
Доколку ракометарот Денис Тот немал повреда на ‘рбетниот мозок, ќе преживеел. Ова го покажува вештачењето на Александар Станков, директор и доктор во Судска медицина при обдукција на телото. Ударот и падот кај Тот се случуваат кога Анџело Ѓорѓиевски му задава удар со бокс, по што сега починатиот паѓа на земја.
„Доколку ја немал повредата на ‘рбетниот мозок и ги имал другите повреди, би имал многу поголеми шанси да преживее, отколку кога би ја имал повредата на ‘рбетниот мозок“, кажа Станков.
Тој објасни дека сите повреди кај Тот се здобиени преку удари.
„Повредите со кои се здобил Денис Тот се повреди кои се настанати под тапа сила, крвни подливи во пределот на лицето, со скршување на десната страна од носната коска, крвни подливи на меката поглавина… нагмечување на големиот мозок, нагмечување на вратниот дел од ‘рбетниот мост, односно високо во близина на продолжението мозок“, додаде Станков.
Ударот во главата во тврда површина бил клучниот момент. Тој се случил кога Тот бил со бокс удрен од страна на обвинетиот Анџело Ѓорѓиевски.
„Како причина за смрт, наведено е дека смртта настанала поради нагмечување на големиот мозок и нагмечување на ‘рбетниот мозок. Меѓутоа, како критична повреда за смртниот исход, врз основа на целокупната клиничка слика, е повредата на почетниот дел од ‘рбетниот мозок“, објасни докторот и вештак.
Тој дообјасни како станале повредите од тапа-тврда сила, кои можат да настанат од удар, при пад, при судар доколку телото и објектот се движат еден кон друг.
„Нагмечувањето на мозочното ткиво настанало поради делување на сила во пределот на тилната регија на главата, а тоа се случило при падот. Додека, пак, повредата на почетниот дел на ‘рбетниот мозок е настаната поради ротациските движења на главата предизвикани од ударите во пределот на главата“, додаде Станков.
Ни побрза реакција на докторите од Итната медицинска помош и Клиничкиот центар немало да го спасат Денис Тот, посочи докторот и вештак Станков.
„И со таа повреда што ја има на ‘рбетниот мозок, не верувам дека некој ќе го спасил. Таа не се оперира. Притоа има повреди на големиот мозок, како поради повредите, така и поради престанок на работата на срцето па и дишењето, поврзано со повредите кои се зададени. Третманот кој му е пружен на сега покојниот би се пружил и ако веднаш се видени тие повреди. Доколку преживеел подолго време и му била направена втора компјутерска томографија, тогаш сигурно би се виделе овие повреди“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

